Ќе се одржи хуманитарен концерт со цел прибирање средства за СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

На ден 17-ти Ноември (понеделник), со почеток во 20.00 часот во Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев” ќе се одржи хуманитарен концерт, со цел прибирање средства за Средното општинско стручно училиште Св. „Кирил и Методиј” од Охрид. На настанот ќе земат учество хорот при ОСУ „Св.Климент Охридски “–Охрид, ФА „ОТЕКС” од Охрид, Ансамбл „Зарина”, музички точки со ученички од СОСУ  „Св.Кирил и Методиј” и ОСУ  „Св.Климент Охридски” и специјални гости „The Backdoor Band”. Цената на влезот е 50,00 ден. Средствата ќе бидат наменети за исплата на градежите активности кои…

повеќе...

Реализирана хуманитарната акција „ За посреќно детство“

Пред  платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ и на поширокото централно градско подрачје, Црвен крст Охрид и Општина Охрид денес заеднички реализираа низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење.  Традиционален партнер на акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ е комплексот Св.Ѓорѓија-Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој и оваа година изврши бесплатни стоматолошки прегледи за посетителите и учесниците во оваа акција. „Ова ни е трета година како успешно го реализираме овој проект заедно со Црвениот крст.  Од година во година, се повеќе сме организирани, а интересот е се поголем. Ако минатата година…

повеќе...