Рибокрадци фатени на плажата кај хотел „Белви“

Вчера во 19:30 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата кај хотел „Белви“, полициски службеници од ПС за ГН-Охридско Езеро, при излегување од водата во чамец ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц. Лицата се приведени во полициска станица и од истите, со потврда за привремено одземени предмети, одземени се 117 парчиња риба-белвица со вкупна тежина од 12 килограми, 5 рибарски мрежи и 1 метален чамец.

повеќе...

Од утре ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата

Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води. Ограничувањата за пловидба на скутерите е за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

повеќе...

Во Охрид одржана обука за управување со чамци

Царинската управа на Република Македонија во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје, во период од 16ти до 26 мај во Охрид одржа напредна обука за управување со чамци, како продолжение на основната обука за управување со чамци која се одржа во текот на минатата година. Напредната обука за управување со чамци беше наменета за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Покрај претставниците од Македонија, учесници на обуката беа и претставници од Албанија и Косово. Покрај…

повеќе...

Пререгистрација на пловните возила

Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ ( кое е…

повеќе...

Меѓународен курс за управување со чамци

Со поддршка на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје беше реализран меѓународен курс за управување со чамци на Крајбрежната стража на САД. Курсот беше одржан минатиот месец во водите на Охридското Езеро и езерското крајбрежје. На меѓународниот курс учествуваа полициски службеници од РЦ за ГР-Запад и Југ и царински службеници од Царинската управа на Р. Македонија и полициски службеници од Р. Албанија и Р. Косово. Курсот е наменет за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Курсот…

повеќе...