Денот на шегата – 1ви април (априли-ли-ли)

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1ви април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ Велгошти го одбележа Денот на шегата

Учениците од прво до шесто одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и најмладите од градинката која е во рамки на училиштето денес го одбележаа 1ви април – Денот на шегата. „Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“ – информираат од училиштето. WebOhrid

повеќе...

Забава за најмладите охриѓанчиња на градскиот плоштад по повод Денот на шегата

По повод 1ви април Денот на шегата, Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид денес организираше забава на градскиот плоштад. Манифестацијата започна со дефиле по градските улици под маски од омилените јунаци од децата. Можеа да се забележат најразлични и интересни маски буба мари, пеперутки, пчели, принцови и принцези, змејови и пирати. „Забавата беше посветена на децата со аутизам со цел да ги развеселиме и интегрираме.“ – велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. На забавата се придружија и децата од Центарот со посебни потреби „Зраци“ од Охрид. WebOhrid

повеќе...

ОУ„Григор Прличев“ се приклучи во одбележувањето на 1-ви април

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ го одбележаа први април, Денот на шегата со дефиле и шеговити маски. „Учениците со посебна радост се приклучија во прошетката низ градот и уживаа во организираната програма на градскиот плоштад. “- велат од училиштето.

повеќе...

Најмладите од градинката „Јасна Ристеска“ го одбележаа Денот на шегата

Со музичко сценски хепенинг, многу шега и смеа најмладите охриѓанчиња згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ и ученици од основните училишта во градов на градскиот плоштад го одбележаа Први април – Денот на шегата. Можеа да се забележат најразлични и интересни маски пеперутки, пчели, принцови и принцези, змејови и пирати. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа Денот на шегата

По повод Денот на шегата, 1-ви април, ОУ „Св.Климент Охридски“ организираше дефиле на маски и костими. „По повод 1-ви Април, ден кој е еден од најомилените денови на децата, ден кој е препознатлив по насмеаните детски лица, маскирањето, шегата и среќата се организираше дефиле на маски и костими кои беа збогатени благодарение на учениците од козметичките паралелки при ОСУ„ЕМУЦ„ и Лајонс клуб Десарети. Сите маскирани ученици може да бидат нашминкани од страна на учениците односно идните козметичарки, кои подоцна преку игра и пеење го завршија дефилето.“- велат од училиштето.

повеќе...

Денот на шегата – 1ви април (априли-ли-ли)

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1ви април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и…

повеќе...

Денот на шегата го одбележаа и основците од Дебрца

Во рамките на проектот за Мултиетничка интеграција во образованието и склучениот партнерски договор помеѓу училиштата ЦОУ„Дебрца“ с. Белчишта и ОУ „Нури Мазари„ с. Корошишта, околу 200 ученици од одделенска настава заедно со нивните наставници заеднички го одбележаја денот на шегата 1 Април во с. Корошишта. „Со најразлични маски и шаренило од бои покажаа дека за децата не постојат никакви бариери, бидејќи секогаш зборуваат со јазикот на љубовта и со отворените детски души и насмевки. Домаќините на сите присутни им приредија срдечен пречек и со дефиле на маскираните дечиња по улиците на…

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа Денот на шегата

Основното Училиште „Св.Климент Охридски„ по повод 1-ви Април, Денот на шегата во соработка со Лајонс клубот „Десарети“, денес одржа маскенбал. „Оваа година манифестацијата доби поголем размер, бидејќи беа вклучени и професори и ученици од козметичките паралелки при средното училиште „ЕМУЦ“.Практикантите ги исполнуваа желбите на учениците за цртање на нивната омилена маска на лицето. Среќните лица и широките насмевки зборуваат за нивната радост, односно кажaa дека оваа манифестација ке ни стане традиција на училиштето.“- велат од училиштето.

повеќе...