Отсега од „Александар Велики’“ по два пати неделно ќе се лета до Берлин, Копенхаген и Братислава

Со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија и Визер денеска го одбележаа отворањето на трите нови линии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ до Берлин, Копенхаген и Братислава, чии први летови почнаа во изминатите седум дена, односно на 21-ви, 22-ри и 28-ми март, соодветно. „Со почетокот на пролетта приредуваме нови изненадувања за нашите патници. Со воведувањето на трите нови линии од аеродромот ,,Александар Велики’’ до Берлин, Копенхаген и Братислава, односно до три главни града во три држави, бројката на главни градови со кои Скопје е воздушно поврзано во Европа, од 11…

повеќе...

Се прецизираат деталите за авио линијата Охрид – Белград

Градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на работна средба што вчера се одржа во Министерството за транспорт и врски, а на која присуствуваа ресорниот министер, Владо Мисајловски и генералниот директор на „Ер Србија “, Дане Кондиќ. На средбата од страна на претставниците на „Ер Србија“ беше искажана огромната благодарност до градоначалникот и министерот за брзата реакција и создавањето на услови уште во текот на ова лето да стартува авио линијата Охрид- Белград што секако е многу значајна придобивка за градот Охрид. Исто така беше разговарано и за можностите и моделите кои што…

повеќе...

Oд јуни „Ер Србија“ трипати неделно ќе лета од Белград за Охрид

Српската авиокомпанија „Ер Србија“ најави дека од јуни оваа година ќе воведе три сезонски летови неделно на релација Белград – Охрид. Според информациите што ги соопшти српскиот национален авиопревозник, летовите ќе се реализираат во понеделник, среда и во петок, а патниците ќе летаат со турболесен авион „ATP“ со 66 седишта. Охридските туристички работници очекуваат нов прилив на гости од Србија, но и од други подрачја, бидејќи поволните конекции им одат во прилог на туристите што спојуваат море и езеро. „Ер Србија“ ќе го зголеми бројот на летови од Белград кон…

повеќе...

Од октомври директна авиолинија Скопје-Доха

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ најавува директна авиолинија Скопје-Доха од октомври годинава. Официјален допис за новиот лет авиокомпанијата доставила вчера до македонското Министерство за транспорт и врски. Ресорниот министер Владо Мисајловски денеска изјави дека деталите за летот ќе ги промовира авиокомпанијата и оти очекува од октомври да се реализира најавата. „Сакам да се заблагодарам на амбасадорот на Катар и на сите со кои соработувавме во последните месеци, што веднаш ги прифатија барањата“, изјави денеска ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој додаде дека за воспоставувањето на летот значајна била средбата што ја остварил при…

повеќе...

Скопскиот аеродром ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа

Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата – аеродроми со помалку од 2 милиона патници, што е трет пат како го добива ова признание од страна на престижната авијациска организација ACI, по добивањето на наградата во истата категорија во 2012 и 2013 година. Водечката светскa бенчмарк програма на ACI (Airports Council International), која ги анализира услугите кои на патниците им ги нудат аеродромите, ги објави добитниците за квалитет на аеродромските услуги Airport Service Quality (ASQ) вчеравечер…

повеќе...

Од јуни нова авиолинија Охрид – Белград

На работниот состанок помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и менаџерскиот тим на „AIR SERBIA“ што денес се одржа во Белград , Р. Србија на кој главна тема на дискусија беше воспоставување на авио линија Охрид – Белград се разгледаа можностите истата да стартува од почетокот на месец јуни до крајот на октомври оваа година. На работниот состанок беа разгледани сите модели коишто се во интерес на двете страни. Притоа беше заклучено дека воспоставувањето на авио линијата Охрид – Белград за нас е значајна од два аспекти. Од една страна…

повеќе...

Можност за воведување авиолинија Охрид – Белград

На покана на менаџментот на „AIR SERBIA“, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески е во работна посета на Белград, Р. Србија. На работниот состанок со менаџерскиот тим на најголемата авио компанија во Србија, закажан за утре, 24. 2 2016 година ќе бидат разгледани можностите за воведување авио линија Охрид- Белград. Со ова Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за летови од и кон охридскиот аеродром онака како што се најавуваше изминатите неколку месеци. Потврда дека се важни проектите од ваков тип е и воспоставувањето на двете редовни авио- лини, Охрид- Базел и…

повеќе...

На скопскиот аеродром пронајдени 4,5 кг хероин во дупло дно на куфер

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера спречија обид за криумчарење на 4,5 килограми хероин. Околу 20:00 часот, по пристигнување на летот од Истанбул, царинските службеници селектираа за детален преглед турски државјанин со иницијали Р.Ј. (39) заради невообичаената тежина на неговиот куфер и вознемиреноста. При деталната контрола на куферот, забележано е дупло дно, изработено од пластичен дел од друг куфер. По одлепување на преградниот дел, во внатрешноста е забележана салотејп трака со кафена боја, одозгора посипана со мелено кафе. Откако траката е отстранета, царинските службеници пронајдоа проѕирна најлонска…

повеќе...

Нова авионска линија Скопје – Прага

Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси. Воспоставувањето на редовната линија Скопје – Прага го потврдија денеска на прес-конференција Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Летови од Скопје кон Прага, како што најави Тот, ќе има…

повеќе...

Од мај повторно редовна авиолинија Скопје- Прага

Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси. Воспоставувањето на редовната линија Скопје- Прага го потврдија денеска на прес-конференција Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Летови од Скопје кон Прага, како што најави Тот, ќе има во…

повеќе...