ТАВ најави нови летови на аеродромот во Охрид

„ТАВ Македонија“ најави значаен развој и нови летови на аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, во текот на 2016 година. Еден од најголемите туристички оператори „Томас Кук“ за престојното лето ќе почне да организира чартер-летови до Охрид. Новина за охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” се и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија ќе придонесат за поголем прилив на туристи. Од компанијата оценуваат дека 2015 година била успешна во поглед на бројките за сообраќај за охридскиот аеродром, но и за скопскиот. „Забележавме…

повеќе...

Нови авионски линии: Од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава

Скопје од март ќе се поврзе со директна авионска линија со Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија Визер. Проширувањето на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје, оваа нискобуџетна компанија го најави денеска. Визер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се реализираат од 22 и 28 март. Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата. Билетите за најновите дестинации на…

повеќе...

За 18,3 % зголемен бројот на превезени патници од двата аеродроми

Министерството за транспорт и врски информира дека за периодот јануари-август на двата аеродроми во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници споредено со истиот период минатата година. Имено, во овој период од двата аеродроми во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се вкупно 1 021 713 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 863 716 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 18, 3 %. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во…

повеќе...

Од идната туристичка сезона чартери Белгија – Охрид со „Томас кук“

Еден од најголемите и најстари тур-оператори во Европа, групацијата „Томас кук“ од идната година официјално почнува да работи и со Македонија. Ќе организира чартер летови Белгија – Охрид и сместувања во Охрид, соопштија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски. Договорите со нашите хотелиери, вкупно 16, се веќе потпишани и од наредната недела ќе бидат достапни на интернет страницата на „Томас кук“ за резервирање. Деталите околу летовите и аранжманите воопшто ќе бидат подоцна дефинирани, но извесно е, како…

повеќе...

Рекорден број патници на македонските аеродроми

Рекорден број патници на двата македонски аеродроми е забележан во месец јули, односно раст од 28 отсто на годишно ниво. Во споредба со јули 2014, во јули 2015 година бројот на патници е зголемен за 28% на годишно ниво, или ако лани во јули македонските аеродроми имале 144.784 патници, оваа година во јули бројот на патници изнесува 185.811. „Во периодот Јануари-Јули 2015 година, бројот на патници е зголемен за 17%, од 704.563 патници во првите седум месеци од 2014 година, на 823.492 патника во првите седум месеци од оваа 2015…

повеќе...

„Рајанер“ потврди – планира да лета до скопскиот аеродром

Европскиот најфреквентен нискобуџетен авиопревозник, “Рајанер” ја потврди својата намера дека планира да воспостави авиолинии кон Македонија, односно до скопскиот аеродром “Алескандар Велики”, пренесува порталот “Екс-ју Авиејшн њуз”. Оваа потврда следува откако премиерот Никола Груевски минатата недела соопшти дека владата преговара со една од најпознатите нискобуџетни авиокомапнии во светот. Менаџерот за комуникации на „Рајанер“, Робин Кајли, изјави дека моментално се водат преговори со македонската влада за потенцијални линии до скопскиот аеродром. Македонската влада нуди субвенции за нискобуџетни авиопревозници, слични на оние кои ги има овозможено за превозникот „Визер“, кој пак воспостави…

повеќе...

На охридскиот аеродром пристигнаа првите патници од Базел

На охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле“, вчера во попладневните часови, слета првиот авион на Визер на линијата Базел – Охрид. Според договорот кој е субвенциониран од државата до 2018 година, Визер до октомври годинава ќе лета двапати неделно на оваа дестинација.  Патниците, најголем дел од охридско-струшккиот крај, беа пречекани со македонското традиционално добредојде – леб и сол, а голем дел од нив не го криеја задоволството од воспоставувањето на оваа авиолинија. Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на “ТАВ Македонија“ Зоран Крстевски, беа дел од малата свеченост во чест на отворањето…

повеќе...

Втора нова линија од охридскиот аеродром летово: ТАВ Македонија го дочекува првиот лет од Базел

Новите летови меѓу македонскиот туристички бисер и швајцарскиот град Базел почнуваат вечерва. Авиокомпанијата „Визер“ ќе лета на релацијата Базел-Охрид-Базел два пати неделно. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле’’, опериран од „ТАВ Македонија“, вечерва ќе го пречека првиот лет од Базел со што ќе се воспостави новата директна линија Базел-Охрид-Базел со авиокомпанијата „Визер“. Авионот кој ќе слета од швајцарскиот град во Охрид вечерва во 18 часот и 40 минути, во Македонија ќе донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници. Како и за секоја новоотворена линија,…

повеќе...

Од утре нова директна авиолинија Охрид – Базел

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, утре ќе биде промовиран официјалниот почеток на директниот лет до Базел. До оваа нова дестинација, авиопревозникот „Визер“ ќе оперира два пати неделно. На пречекот на првите патници ќе зборуваат Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“ и Никола Бакрачески, градоначалник на општина Охрид.

повеќе...

Отворени пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска се воведени директни авиолинии кон Осло и Фридрихсхафен, дел од најавените пет нови дестинации на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ сo субвенции од македонската Влада. Првиот лет до Осло се реализираше изутрината во 6 часот, а до Фридрихсхафен попладне во 13 часот и 30 минути. Утре во 18 часот и 25 минути од „Александар Велики“ ќе замине и првиот авион на „Визер“ за новата дестинација Барселона со што Македонија првпат воздушно ќе се поврзе со Шпанија. Задутре, пак, скопскиот аеродром ќе ги отвори новите линии…

повеќе...