Членовите на привременото ад хок тело за следење на работата на медиумите за време на изборите, не постигнаа договор за избор на петтиот член, а средбите ќе продолжат од понеделник. Четворицата членови не успеаја да постигнат консензус иако рокот за изборот на петтиот член, кој треба да биде Албанец, истече во средата. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторна средба да имаат во понеделник. Рокот за формирањето на ова привремено тело истече во средата. Ад хок телото…
повеќе...Tag: агенција
АВМУ ја усвои Методологијата за изборен надзор на медиумите
Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 29-та седница, ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски информирал дека не се прифатило барањето да се мониторира работата на интернет порталите, бидејќи за тоа е потребно да се направат законски измени. Во времето кое медиумите го посветуваат на власта, ќе влегува и времето што во вестите и во информативните емисии ќе се посветува на активностите на државните функционери. Извор: meta.mk
повеќе...АВМУ предлага 100-дневен изборен мониторинг на радиодифузерите, но не и на порталите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ја презентираше нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување на радио и на телевизиските станици за време на претстојните предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат во декември годинава. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски соопшти дека Агенцијата изготвила нова методологија која ќе важи само за претстојните избори и оти таа се темели на францускиот модел за постигнување политички плурализам надвор од изборни периоди. Со новите измени радиодифузерите ќе мора да обезбедат балансирано известување 100 дена пред одржување на изборите. Досега…
повеќе...АХВ досега подели 15 илјади килограми концентрат за добитокот во поплавените села во скопско
За интерветно да им помогне на сточарите од поплавените региони, Агенцијата за храна и ветеринарство од донации обезбеди и на одгледувачите на добиток од Арачиново, Брњарци, Црешево, Инџиково, Смилковци, од Стајковци, Сингелиќ, од Страчинци и Виниче, досега им подели околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот крупен и ситен добиток. Најголем дел од донираниот концентрат, односно 231 вреќа или 11.650 килограми, наменети се за исхрана на говедата и поделени се на сточарите согласно потребите на одгледувачите на добиток, односно врз основа на бројот на преживеани грла кои ги…
повеќе...44-ти Меѓународен ракометен турнир – Струга 2016
Агенцијата за млади и спорт продолжува со активностите во насока на промоција на македонскиот спорт на меѓународен план. Со одржувањето на 44-от меѓународен турнир во ракомет “Струга 2016”, во периодот од 17 до 20 август оваа година, градот Струга ќе биде повторно во центарот на вниманието на ракометна Европа, а сотоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта. По тој повод денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на која покрај директорот Марјан Спасески свое обраќање имаа претставници од организациониот…
повеќе...Именувани четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на член 196-д, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој влезе во сила на 1 август 2016 година, денес именуваше четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување. Именувани членови по предлог на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се Слаѓана Димишкова Претседател на новинарската асоцијација МАН, долгогодишен новинар и уредник во дневниот весник Вест и Цветин Чилиманов долгогодишен новинар, дописник, колумнист и аналитичар. По предлог на политичката партија СДСМ именувани се Љубомир Костовски, новинар…
повеќе...АХВ со препораки до населението во поплавените региони
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНАТА И ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ? КАКО ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ЖИВОТНИТЕ ОД ПОПЛАВИ? -За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите. – За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија. – Доколку постојат резерви вода, истата да не се…
повеќе...АХВ со совети како да се заштитиме од труење со храна
Труењето со храна е често предизвикано од бактерии во храната со која се ракувало неправилно или пак истата била неправилно чувана. Таа храна може да има навидум нормален изглед, мирис и вкус. Кај одредени категории на луѓе, како што се малите деца, трудниците, старите луѓе и луѓе кои боледуваат од одредени заболувања, опасноста од труење со храна е поголема. *За да биде храната која ја купувате или носите дома безбедна за консумирање, применете ги следните совети, кои на едноставен и практичен начин објаснуваат што треба да сторите. Десет едноставни чекори…
повеќе...АХВ: Нема пречка термички третираните говедски производи да се извезуваат
Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар. Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на и нус производи од говедa (кожа) која не е соодветно третирана. Забраната за увоз, руските ветринарни власти ја вовеле…
повеќе...Спортските федерации ќе се приклучат во одбележување за Илинден
По повод одбележувањето на државниот празник 2-ри Август Илинден, Агенцијата за млади и спорт заедно со Планинарската федерација на Македонија, Велосипедската федерација на Македонија, Тениската Федерација на Македонија, Едриличарската Федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија се вклучи со активности во одбележување на овој голем македонски празник. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа координативен состанок помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставниците на Планинарската федерација на Македонија, Горан Тинтовски и Благоја Петрушевски. Воедно претставниците…
повеќе...