АХВ: Мерките за справување со болеста навреме се преземени

До 20ти мај треба да пристигнат вакцините против „јазлеста кожа“ кај говедата за што се обезбедени еден милион евра. Надлежните засега успешно се справуваат со појавата на оваа болест, делувајќи секојдневно на терен заедно со сточарите и ветеринарните служби, истакна на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, отфрлајќи ги како невистини обвинувањата на дополнителниот заменик Љупчо Николовски дека Агенцијата за храна и ветеринарство навреме не реагирала и не презела соодветни мерки за справување со болеста. Уште еднаш, во недостиг на идеи и конкретни проекти, рече тој, Николовски…

повеќе...

Туристичката понуда на Македонија претставена на 17 по ред саем за туризам во Ниш

На 17-тиот по ред саем за туризам во Ниш, Србија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија заедно со повеќе од 140 излагачи од земјата и регионот. Покрај активниот одмор што е главна тема на саемот, оваа година акцентот е ставен на гастрономската и винската понуда, со што за време на меѓународниот саем за туризам во Ниш (26-28 Април 2016) посетителите имаа можност да дегустираат македонски ајвар, сирење и вино. За време на саемот, делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка…

повеќе...

АХВ со честитка за Велигден

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија на сите верници од православна вероисповест, им ги честита големите Велигденски празници. „Во сплотеност, со верба во Бога, на здрава и богата трпеза, нека бидат пристутни доброто здравје, љубовта и искреноста. Нека Христовото воскресение го исполни Вашиот дом со благосостојба и мир. Честит Велигден!“- стои во честитката.

повеќе...

АХВ ги зголеми дневните максимално дозволени вредности за креатинот и Л- Карнитинот

На последниот одржан состанок, Комисијата за посебни видови храна донесе одлука со која се изврши зголемување на досегашните максимални дозволени вредности за дневна употреба на Креатинот од 3 на 5 грама и на Л- Карнитинот од 1 на 2 грама. Со новата одлука се елиминираат тешкотиите со кои беа соочени операторите со храна при увоз, односно им се дава можност на пазарот на Република Македонија да ги пласираат производите кои се продаваат и на европскиот пазар. Овој тип на производи најчесто го употребуваат спортистите при интензивен мускулен напор.

повеќе...

АХВ доби награда од Стопанската комора на Македонија за најдобар партнер од државните институции за 2015

Награда за најдобар партнер на Стопанската комора на Република Македонија од државните институции за 2015 година доби денес Агенцијата за храна и ветеринарство од Стопанската комора на Македонија, во рамки на свеченото одбележување на 94 години од формирањето на Комората. Во име на Агенцијата, од првиот човек на Комората Бранко Азески, наградата ја прими директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Горд сум, рече директорот Поповски што Стопанската комора на Македонија ја одбра Агенцијата за храна и ветеринарство за најдобар партнер од државните институции. Минатата година со бизнис…

повеќе...

АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Косово

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија за прв пат учествува на интернационалниот саем за туризам во Косово, кој се одржува по 8-ми пат, и е посетен од околу 15 000 гости. На 21-22 Април 2016, туристичката понуда на земјите од регионот се претстави на саемот за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово. Покрај Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Грција, и Италија ја покажа својата цврста верба во потенцијалот и ресурсите кои ги има регионов за развој на туризмот. Околу 90-тина егзибитори и коегзибитори ја…

повеќе...

Регистриран прв случај на болеста „Чвореста кожа кај говедата“, нема опасност по здравјето на луѓето

Регистриран е прв случај на болеста „чвореста кожа“ кај говедата во Република Македонија, информира на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м – р Зоран Поповски. Станува збор за прв, лабораториски потврден случај на заболено животно во Демир Капија, од кои се земени мостри кои се и анализирани во Бугарија. Болеста не е зооноза, објасни тој, односно не се пренесува и не е опасна за човекот, но, причинува големи економски штети во говедарството. „Преземени се потребните мерки за заштита, животното е убиено и нештетно отстрането. Убиени се…

повеќе...

АХВ подготви флаер за запознавање со симптомите и превенцијата на заболувањето болест на чвореста кожа

Со цел информирање на јавноста и запознавање на сточарите за тоа какво заболувње претставува Болеста на чвореста кожа, што ја предизвикува оваа болест, кои животни се приемчиви, каде е распространета, како се пренесува, кои се нејзините клинички и знаци, дали и колку е опасна за здравјето на луѓето и за други прашања кои се однесуваат на ова заболување, Агенцијата за храна и ветреринарство подготви информативно – едукативен флаер со цел полесно препознавање на симптомите на Болеста на чвореста кожа и навремено преземање на потребните меерки за превенција и заштита. Флаерот…

повеќе...

Норвешки туроператори во посета на Македонија

Норвешки туроператори беа во посета на Македонија, во текот на изминатиов викенд, кои беа предводени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија. Истакнати имиња од туристичката индустрија на Норвешка како Travel Invest, Temareiser Fredrikstad, Tele-Tur AS, Aktive Fredsreiser, Travel for peace, но и туристичка асоцијација ANTOR остварија средби со 30 компании од приватниот сектор на Р.М. Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за тур операторите. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на норвешкиот пазар, и тоа најмногу со:…

повеќе...

АХВ: Краставиците безбедни, имаат 25 пати помалку пестициди од дозволеното

Краставиците увезени од Албанија се безбедни и содржат 25 пати помалку активна супстанца од дозволеното ниво, изјави заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски придружуван од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и директорката на Државната фитосанитарна лабораторија Сузана Кратовалиева. Со тоа се демантира обвинувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, дека во Македонија се увезени краставици од Албанија со пестициди двојно повеќе од дозволеното. Обвинувањата на Николовски, рече Костадиновски, се тенденциозни, со единствена цел, преку ширење лаги, паника и страв кај…

повеќе...