Онлајн албум со самолепливи сликички

Албумите со самолепливи сликички секогаш се актуелни. Во овој период, во екот на Лигата на шампиони, но и пред Светските и Европските фудбалски првенства, најактуелни се сликичките со фудбалери. Во ерата на компјутерите и интернетот, веќе години наназад актуелни се и дигиталните албуми. По двата онлајн албуми од италијанскиот „PANINI“, оваа година за официјалниот албум од Лигата на шампиони е задолжен американскиот „TOPPS“, односно нивната подружница во Англија. Во овој албум Македонија е под нејзиното уставно име, додека пак единствениот Македонец во овој албум е Аријан Адеми, кој за жал, пред…

повеќе...

Ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на охриѓанецот Марјан Вељаноски

Црвен крст Охрид, информира дека музичкиот настан-промоција на албумот „Ретро перспектива“ на младата џез пејачка Стефанија Милеска од Битола, кој денес ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот ќе биде со хуманитарен карактер. Влезот за присуство на настанот останува слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на…

повеќе...

Во петок ќе се промовира стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“

Охридскиот стрип сценарист Јордан Коцевски и уметникот Дарко Богданов од Виница, на 21 ноември, петок, ќе го претстават стрипот „Мрак Хумор Тишина“. Стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“ е заеднички проект на сценаристот Јордан Коцевски и цртачот Дарко Богданов. Станува збор за своевидна антологија во која на 68 страни вклучени се кратките стрипови кои тие двајца ги имаат создадено во нивната досегашна петгодишна соработка. Стриповите може да се поделат во три тематски циклуси, како што кажува и самиот наслов на албумот. Покрај носителите на проектот, како гости свој удел имаат и…

повеќе...

Даниел Кајмакоски потпиша договор за издавање на првиот албум со продуцентската куќа Менарт

Првиот победник на Икс фактор Адриа, Даниел Кајмакоски потпиша договор за издавање на албум со продуцентската куќа „Менарт“, соопштуваат од продуцентската куќа. Претставниците на „Менарт“, регионален застапник на „Sony Music Entertainment“, будно го следеа целиот тек на престижниот музички натпревар. Менторите, Емина Јаховиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Жељко Јоксимовиќ се потрудија нивните кандидати да се претстават во најдобро светло сè до суперфиналето, каде се пласираа само најдобрите пет: Лукијан, Маид, Тамара, Даниел и „Доктори“. Суперфиналистите жестоко се бореа за вредните награди и престижната титула, нова музичка ѕвезда во регионот.…

повеќе...