Дејан Недев по втор пат одржа карате семинар во Лондон-Англија

Македонскиот каратист Дејан Недев, Сенсеи 5.Дан по втор пат одржа карате семинар во Академијата за традиционално карате „Muswell Hill“, London. На семинарот учествуваа близу 60 каратисти од неколку карате клубови од Лондон. Семинарот траеше три дена, а последниот ден беше организирана свеченост на која присуствуваше и проф. Венцислав Недев на кој му беше дадено признание за придонес и развој на карате Академијата во Лондон. Исто така признание и плакета доби и м-р. Дејан Недев како инструктор на семинарот. Недеви беа наградени од страна на основачот и Претседател на Карате Академијата,…

повеќе...

Ставрески: Бизнис форумите привлекуваат потенцијални инвеститори

Бизнис форумите во Лондон и Париз се први кои ги организираме заеднички со Фајненшл Тајмс, најреномираното финансиско списание во светот кое секојдневно го читаат стотици илјади бизисмени и инвеститори. Тоа им дава посебна тежина и значење на овие форуми, бидејќи привлекува и поголем број бизнисмени и потенцијални инвеститори кои што имаат можност да слушнат за можностите за инвестирање во Република Македонија, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески пред форумот во Париз. Тој притоа, јави известувачот на МИА, посочи дека на овие форуми се присутни и претставници на Европската банка за…

повеќе...

Премиерот Груевски се сретна со македонски иселеници во Лондон

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски вечерва со средба со македонски иселеници во Лондон ја започна работната економска посета на Велика Британија. „Веднаш по пристигнувањето во Лондон се сретнав со претставници на нашата дијаспора, Македонци кои живеат во Лондон, успешни во различни области, некои во бизнис, некои во медицина и во други области“, изјави премиерот Груевски по средбата. Ние сме политичка гарнитура, додаде, која покажа доста различност во однос на претходните за Македонците кои живеат надвор од Македонија. Премиерот посочи дека се создадени посебни врски, дека голем дел…

повеќе...