Средношколците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се информираа за војничката професија

Денес во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“. Презентацијата беше организирана од страна на претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески. Целта на оваа презентација беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините, како и зголемување на нивниот интерес за најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и…

повеќе...

Започнува изградбата на првата зграда од проектот „АРМ мој вистински дом“

Триесет и двајца вработени во Армијата на Република Македонија прворангирани за купување стан преку проектот „АРМ мој вистински дом“ денеска ќе ги дознаат броевите на становите од првата зграда и сумата која ќе треба да ја исплаќаат во наредните 20 години. Министерот за одбрана Зоран Јолевски информира дека во текот на наредната недела ќе биде поставен камен темелник на првата зграда од 32 стана. „Досега се имаат пријавено над 250 припадници на Армијата кои се заинтересирани да го решат своето станбено прашање преку овој проект и во текот на следната…

повеќе...

АРМ ја отстрани карпата која беше закана за жителите на Шипковица

Припадниците на инженерскиот баталјон на Армијата на Република Македонија, денеска со контролирана експлозија ја уништија карпата која по големите поплави претставуваше закана за жителите на Шипковица и овој регион. Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој присуствуваше на минирањето посочи дека по големите поплави минатата година и неодамнешните поплави беше утврдено дека постоеше опасност по жителите на селото и околниот регион од пет големи карпи. „По рачното отстранување на големата карпа над селото и денешното минирање на четири дополнителни карпи, целосно ќе се отстрани опасноста по населението во овј регион. Со…

повеќе...

АРМ одбележува 24 години од формирањето

Армијата на Република Македонија денеска го одбележува 18 Август – Денот на нејзиното формирање. На платото пред Министерството за одбрана се одржа свеченост по повод 24 – годишнината на АРМ, на која присуствуваше претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски, претставници на Владата и Собранието на Република Македонија, воени аташеа и поранешни министри за одбрана. Со Орден за воени заслуги од страна на претседателот на Република Македонија беа одликувани Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон на АРМ за нивниот исклучителен придонес и…

повеќе...

Фотогалерија од примопредавањето на должноста, командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ

Фотогалерија од примопредавањето на должноста, командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ

повеќе...

Владата донесе одлука за вработување 112 поранешни професионални војници

На минатата седница, а согласно Законот за служба во АРМ, Владата донесе одлука и акциски план согласно кои 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ, ќе бидат вработени во рамките на државните институции. Станува збор за 112 поранешни професионални војници на кои им престана службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35, односно 38 години возраст, кои што по исполнувањето на професионалниот договор останале невработени, а врз основа на законот поднеле барање за вработување и ги исполниле условите од законот за да бидат вработени. Согласно владината…

повеќе...

Доделени сертификати за завршени школи од припадниците на АРМ

„Оваа свеченост е продукт на успешно воспоставената соработка и доказ дека тоа ги зближува државите и народите“, истакна заменик-министерот за одбрана Илми Селами, на денешното доделување на сертификати за завршена Школа за национална одбрана, Командно штабна академија и курсеви по грчки јазик во Република Грција во 2015 година на 6 припадници на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството. На свеченоста во Министерсвото на која присуствуваше и Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, заменик-министерот истакна дека оваа соработка треба да се продлабочува во иднина, и тоа не…

повеќе...

Одбележана 22-годишнината од формирањето на специјалните сили во АРМ

„Од самиот почеток вашата единица постојано го оправдува своето име, претставувајки ја најелитната единица на Армијата на Република Македонија и со право претставува синоним за највисоки стремежи, највисоки стандарди и највисоки резултати“. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на денешната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод 1-Март, Денот на Полкот за специјални операции. Во обраќањето на свеченоста, министерот Јолевски посочи на значењето кое оваа единица го има во денешните глобални предизвици при што професионалноста и посветеноста ќе биде клучна за натамошното јакнење на…

повеќе...

Министерот Јолевски ја отвори школата на НАТО за справување со заканите од тероризмот во ЈИЕ

„Ниту Македонија ниту која било држава не е имуна на заканата што ја претставува тероризмот како глобална безбедносна закана. Тој не признава граници, националност, верска, етничка припадност, културна средина. Тероризмот најчесто ги зафаќа регионите и државите каде има воени судири, но последните настани како нападите во Франција и Белгија покажуваат дека тој е можен и во нашите средини, што секако бара наша будност и подготвеност“. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на отворањето на НАТО школата за справување со заканите од тероризмот во Југоисточна Европа,…

повеќе...

Јолевски: Армијата на Македонија е подготвена за сите предизвици кои се пред нас

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денес ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија кои се поставени на граничниот премин во Гевгелија. Тој изрази задоволство од извршените задачи и ја истакна својата благодарност за трудот кој го вложиле припадниците на Армијата на Република Македонија. Министерот изјави: „Како Армија ги разгледуваме различните сценарија и како се пристапува по тие сценарија. Армијата на Република Македонија е подготвена за сите предизвици кои се пред нас. Се разбира, за да се реши оваа мигрантска криза потребно е да се направи една…

повеќе...