Јавен оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Македонија

Врз основа на член 37 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14,33/15 и 193/15), член 1 од Правилникот за начинот за спроведување на постапката за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2014), Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр.01-4108/1 од 19.08.2014 година…

повеќе...

Повторена поддршката од САД за прием на Македонија во НАТО

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на посетата на САД, имаше средби со претставници на законодавниот дом на САД. На средбите, информираат од Министерството за одбрана, американските сенатори и конгресмени дадоа целосна поддршка за членството на Македонија во НАТО, а изразија и благодарност за долгогодишната поддршка на АРМ во воспоставувањето мир, безбедност и демократија во глобални рамки. На средбата со сенаторот Џон МекКејн, поранешен претседателски кандидат, министерот Јолевски порача дека е дојдено времето Република Македонија да го заземе своето заслужено место како полноправен член на НАТО. Министерот додаде дека…

повеќе...

Началникот на ГШ генерал-потполковник Величковски му реферираше на Иванов за борбената готовност на АРМ за 2015

Началникот на Генералшабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски, денеска пред претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, реферирше за борбената готовност на АРМ во 2015 година. На реферирањето присуствуваа министерот за одбрана, Зоран Јолевски, заменикот на министерот за одбрана, Иљми Селами, заменик претседателот на комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Сашо Аќимоски, претставници од кабинетот на Претседателот на РМ, раководители во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ. Претседателот Иванов беше информиран за реализацијата на плановите и…

повеќе...

Благодарница за Армијата на Македонија за помошта на населението во Шипковица

Денес во просториите на Министерството за одбрана на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, му беше претставена благодарница за помошта која ја пружи Армијата на Република Македонија на населениото во Шипковица за време на поплавите од минатиот август. Благодарницата за Армијата на Република Македонија ја доделија претставниците на месната заедница на Шипковица кои ја изразија својата најдлабока благодарност за поддршката која ја добија граѓаните на Шипковица. Министерот за одбрана истакна дека Армијата на Република Македонија секогаш им е во служба на граѓаните на Република Македонија во најтешките моменти.…

повеќе...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ распоредени на јужната граница

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов во придружба на министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски на првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница за да и помогнат на граничната полиција во справувањето со предизвиците што доаѓаат со мигрантската криза. За време на посетата, претседателот Иванов имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ на кои им ја честиташе Новата година и им посака многу успех, а на Генералштабот…

повеќе...

Офицер од Армијата на Македонија создава историја

Во петокот, на 11 декември 2015 година, поручник Селма Биберовиќ (24) од Велес, стана првиот македонски офицер кој дипломирал на меѓународно признатата Кралска воена академија Сандхурст (КВАС) во Велика Британија. На парадата, како претставник на Нејзиното кралско височество, присуствуваше Принцот од Велс. Исто така, на парадата во име на Вооружените сили на Република Македонија беше генерал мајор Мухамед Рацај, Заменикот началник на генералштабот, и полковникот Зоран Додевски од Генералштабот. Сто четириесет промовирани офицери кадети, од кои 24 од прекуокеанските земји, вклучително и од Косово и Албанија. Парадата го одбележа завршувањето…

повеќе...

Заокружен процесот за прием на 250 професионални војници во 2015 година

Денеска, Министерството за одбрана го објави Решението за прием на кандидати за професионални војници во служба на АРМ. Од Министерството истакнуваат дека кандидатите поминале низ ригорозен процес на селекција, која и овој пат вклучувула 24-дневен селективен курс, организиран и воден од Полкот за специјални операции. Со заокружувањето на приемот на втората група од 125 професионални војници целосно се реализираше најавениот процес за прием на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија. Со приемот на професионалните војници, Армијата на Република Македонија продолжува со пополната на своите редови и тоа со…

повеќе...

Родовата рамноправност едно од фундаменталните начела на демократијата

Денес во Домот на АРМ се одржа панел дискусија по повод 15 годишнината од Резолуцијата 1325 на Советот на безбедност на Обединетите нации за жените, мирот и безбедноста. Панелот го отвори државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, при што истакна дека улогата на жените во сите сфери на општеството е значајно и важно. „Сведоци сме на повеќедецениска заложба на жените за родова рамноправност персонифицирана низ сите облици на општествено живеење вклучително и безбедносниот сектор. Нивната активна улога во креирањето на безбедносно одбранбената политика е многу важен аспект.…

повеќе...

Министерот Јолевски за МТВ: „АРМ – мој вистински дом“ влијае директно на подобрувањето на стандардот на припадниците на Армијата

„АРМ – мој вистински дом“ е проект кој за нас е приоритет. Преку него припадниците на Армијата ќе имаат можност да го решат своето станбено прашање, односно да се здобијат со стан по мошне поволни услови, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски вчера во изјава за јавниот сервис. Кредитите за купување на становите по градежна цена можат да се земат на 240 рати, односно 20 години, посочи министерот. Тој истакна дека припадниците на Армијата и цивилните лица во служба на Армијата нема да плаќаат ниту земјиште, ниту комунални такси, ниту…

повеќе...

Средба на НГШ на АРМ со одбранбено аташе на Јапонија

Денес началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со полковник Таки Јошимаса, одбранбено аташе на Јапонија во Република Македонија. На средбата се разговараше за можностите и облиците за остварување на понатамошна билатерална соработка помеѓу АРМ и Одбранбените сили на Јапонија, достигнувањата на АРМ во полето на одбраната и активностите кои ги спроведува. Должноста одбранбено аташе во Република Македонија, полковник Јошимаса ја извршува од Виена, Австрија и на оваа должност е со мандат од јуни оваа година.

повеќе...