Свечена заклетва на 17 класа питомци на Воената академија

Во Воената академија во Скопје денеска свечена заклетва дадоа питомците од 17 класа – студенти од првиот циклус на студии во учебната 2013/2014 година. На 31 питомец, од кои 26 од Република Македонија, по двајца од Црна Гора и од Косово, како и еден од Босна и Херцеговина, министерот за одбрана Талат Џафери честитајќи им на заклетвата, нагласи дека во наредните четири години преку практична и теоретска настава според светските стандарди, ќе се здобијат со современи знаења од воената професија. Осврнувајќи се на позицијата на АРМ, која од 2002 година…

повеќе...

Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полкот за специјални операции на АРМ

Денес во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ. Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковник Васко Ѓурчиновски кој досега ја извршуваше должноста аѓутант на Претседателот на Република Македонија.  На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, командантот на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски, претставници од министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка по повод 18 август – Денот на АРМ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, упати честитки до началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески и до сите припадници на Армијата на Република Македонија. „Како ваш врховен командант, ми претставува особена чест да ви го честитам 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Ден кога пред 21 година беше создадена нашата Армија да го брани територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина Република Македонија. Како важен столб на нашата независност, Армијата ја…

повеќе...

Македонија го одбележува Денот на АРМ

Успехот што го постигнува АРМ не е само успех на Министерството и Генералштабот, туку и на секој припадник на секоја команда и единица. Овој успех е резултат на одговорноста, професионализмот, храброста и ентузијазмот на припадниците на АРМ. Ова го нагласи денеска на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на АРМ. „Никој нема право да посегне по угледот и рејтингот кој Армијата ги ужива кај граѓаните…

повеќе...

Министерот Џафери и началникот на ГШ на АРМ Котески на средба со пензионираните генерали

Министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котески денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ – 18 Август, се сретнаа со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионираните генерали. Со оваа активност, им порача министерот Џафери, покажуваме дека вие не сте заборавени, туку напротив, вашето искуство е добредојдено. Началникот на ГШ на АРМ, Котески, посочи дека денешниот ручек е начин за споделување на информации и мислења поврзани со процесите за развој и трансформација на АРМ. „Вие оставивте…

повеќе...

Промовирани 34 потпоручници од 13-та класа на Воената академија

За 34 питомци од 13 – та класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска беше извршена свечена промоција во чин потпоручник во скопската касарна „Гоце Делчев“. Ова е првата класа која дипломираше по обновувањето на дејноста на Воената академија во 2009 година, а првпат  по четиригодишно школување офицерски чин стекнаа и 7 припаднички на понежниот пол. Прворангираната Селма Биберовиќ, во името на целата 13 – та класа вети дека ќе бидат офицери за пример со кои сите ќе се гордеат. „Млади офицери, драги колеги – успеавме. Не потклекнавме на…

повеќе...

Претседателот Иванов ја пушти во употреба веб-страницата на АРМ

Денес, претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, во рамките на работната посета на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, ги посети Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Претседателот Иванов кој на платото пред МО и ГШ на АРМ беше пречекан со воени почести, по средбата во Канцеларијата за врски на НАТО, оствари работна средба со Министерот за одбрана Талат Џафери и Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. На средбата со Министерот за одбрана и Началникот на ГШ на…

повеќе...

По уште една успешна мисија на нашите мировници – вратен контингентот од 14 ротација во силите ИСАФ

„Чест ми е што денес го пречекувам контингентот од Армијата на Република Македонија кој во целост се врати жив и здрав, по една успешно завршена мисија“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери при пречекот на 14. ротација на припадници на Армијата на Република Македонија кои денес пристигнаа на аеродромот „Александар Велики“ во Петровец. Министерот Џафери додаде дека тој и лично, при посетата на Авганистан, се уверил во успешноста на спроведувањето на задачите во рамки на мисијата, и воедно порача дека за тоа имаме и потврда од сите…

повеќе...

Свечена заклетва на дваесеттата генерација војници на доброволно служење воен рок

Денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“, 74 граѓани на Република Македонија, од кои 10 припаднички на понежниот пол, дадоа свечена заклетва за доброволно служење воен рок. По тој повод министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, честитајќи им на војниците-доброволци за дадената заклетва порача дека во наредните три месеци тие на практичен и теоретски начин ќе се здобијат со голем квантум на нови знаења и вештини кои ќе бидат нераскинливо врзани за потенцијалот на секој од нив. „Со вашите новостекнати способности, вие ќе бидете темелот на идниот општествен…

повеќе...

Испратен нов контингент на АРМ во мировна мисија во Авганистан

Со свечена церемонија во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево денеска беше испратен нов контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во мировна мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Насер Сејдини, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, командантот на 1.мпбр бригадниот генерал Стојан Димчов, претставници од МО и ГШ на АРМ, од локалната самоуправа и роднини на припадниците од контингентот. „Денеска го испраќаме 25-иот  контингент…

повеќе...