Денес во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“. Презентацијата беше организирана од страна на претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески. Целта на оваа презентација беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините, како и зголемување на нивниот интерес за најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и…
повеќе...Tag: армија
АРМ одбележува 24 години од формирањето
Армијата на Република Македонија денеска го одбележува 18 Август – Денот на нејзиното формирање. На платото пред Министерството за одбрана се одржа свеченост по повод 24 – годишнината на АРМ, на која присуствуваше претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски, претставници на Владата и Собранието на Република Македонија, воени аташеа и поранешни министри за одбрана. Со Орден за воени заслуги од страна на претседателот на Република Македонија беа одликувани Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон на АРМ за нивниот исклучителен придонес и…
повеќе...Нови 125 војници во редовите на Армијата на Република Македонија
Министерството за одбрана и Владата продолжуваат со политиката на прием на професионални војници и пополнување на Армијата на Република Македонија. Ова е првата група од 125 професионални војници за оваа година, а веднаш започнуваме и со нов конкурс за 90 професионални војници и 25 лица со високо образование со специфична струка која и е потребна на Армијата, како лекари, психолози и инженери. Тоа го истакна министерсот за одбрана, Зоран Јолевски на свеченоста за прием на 125 професионални војници, која се одржа денеска во скопската касарна Илинден. Министерот додаде дека 48…
повеќе...Фотогалерија од примопредавањето на должноста, командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ
Фотогалерија од примопредавањето на должноста, командант на воздухопловната бригада од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ
повеќе...Владата донесе одлука за вработување 112 поранешни професионални војници
На минатата седница, а согласно Законот за служба во АРМ, Владата донесе одлука и акциски план согласно кои 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ, ќе бидат вработени во рамките на државните институции. Станува збор за 112 поранешни професионални војници на кои им престана службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35, односно 38 години возраст, кои што по исполнувањето на професионалниот договор останале невработени, а врз основа на законот поднеле барање за вработување и ги исполниле условите од законот за да бидат вработени. Согласно владината…
повеќе...Доделени сертификати за завршени школи од припадниците на АРМ
„Оваа свеченост е продукт на успешно воспоставената соработка и доказ дека тоа ги зближува државите и народите“, истакна заменик-министерот за одбрана Илми Селами, на денешното доделување на сертификати за завршена Школа за национална одбрана, Командно штабна академија и курсеви по грчки јазик во Република Грција во 2015 година на 6 припадници на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството. На свеченоста во Министерсвото на која присуствуваше и Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, заменик-министерот истакна дека оваа соработка треба да се продлабочува во иднина, и тоа не…
повеќе...Благодарница за Армијата на Македонија за помошта на населението во Шипковица
Денес во просториите на Министерството за одбрана на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, му беше претставена благодарница за помошта која ја пружи Армијата на Република Македонија на населениото во Шипковица за време на поплавите од минатиот август. Благодарницата за Армијата на Република Македонија ја доделија претставниците на месната заедница на Шипковица кои ја изразија својата најдлабока благодарност за поддршката која ја добија граѓаните на Шипковица. Министерот за одбрана истакна дека Армијата на Република Македонија секогаш им е во служба на граѓаните на Република Македонија во најтешките моменти.…
повеќе...Офицер од Армијата на Македонија создава историја
Во петокот, на 11 декември 2015 година, поручник Селма Биберовиќ (24) од Велес, стана првиот македонски офицер кој дипломирал на меѓународно признатата Кралска воена академија Сандхурст (КВАС) во Велика Британија. На парадата, како претставник на Нејзиното кралско височество, присуствуваше Принцот од Велс. Исто така, на парадата во име на Вооружените сили на Република Македонија беше генерал мајор Мухамед Рацај, Заменикот началник на генералштабот, и полковникот Зоран Додевски од Генералштабот. Сто четириесет промовирани офицери кадети, од кои 24 од прекуокеанските земји, вклучително и од Косово и Албанија. Парадата го одбележа завршувањето…
повеќе...Министерот Јолевски за МТВ: „АРМ – мој вистински дом“ влијае директно на подобрувањето на стандардот на припадниците на Армијата
„АРМ – мој вистински дом“ е проект кој за нас е приоритет. Преку него припадниците на Армијата ќе имаат можност да го решат своето станбено прашање, односно да се здобијат со стан по мошне поволни услови, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски вчера во изјава за јавниот сервис. Кредитите за купување на становите по градежна цена можат да се земат на 240 рати, односно 20 години, посочи министерот. Тој истакна дека припадниците на Армијата и цивилните лица во служба на Армијата нема да плаќаат ниту земјиште, ниту комунални такси, ниту…
повеќе...Средба на НГШ на АРМ со одбранбено аташе на Јапонија
Денес началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со полковник Таки Јошимаса, одбранбено аташе на Јапонија во Република Македонија. На средбата се разговараше за можностите и облиците за остварување на понатамошна билатерална соработка помеѓу АРМ и Одбранбените сили на Јапонија, достигнувањата на АРМ во полето на одбраната и активностите кои ги спроведува. Должноста одбранбено аташе во Република Македонија, полковник Јошимаса ја извршува од Виена, Австрија и на оваа должност е со мандат од јуни оваа година.
повеќе...