Градоначалникот Бакрачески се сретна со Бронвин Халфпени

Унапредувањето на туризмот и зголемување на бројот на гостите беше една од главните теми на кои разговараа градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и член на парламентот на австралиската држава Викторија, Бронвин Халфпени. Пријателските односи со Австралија, земја во која живеат голем број македонци нуди одлична можност за остварување на поголема соработка во различни области. Како идеја за таква соработка на средбата беше истакната потребата за воспоставување на директна авионска линија како и поврзување на австралиските туроператори со локалните туристички работници.

повеќе...

Македонската заедница во Австралија мост меѓу двете земји

Во рамките на работната посета на Собранието на Република Македонија, Почитуваниот Федерик Џон Наил, потпретседател на Парламентот на Нов Јужен Велс, Австралија, оствари средба со Антонијо Милошоски, потпретседател на Македонското собрание и претседател на Комисијата за надворешна политика, како и членовите на Комисијата. На средбата со Комисијата за надворешна политика, покрај г. Антонијо Милошоски, присуствуваа и членовите: Сашо Василевски, Ѓоко Камчев, Нора Алити и  Александар Николоски. Претседателот на Комисијата, г. Милошоски, изрази благодарност за посетата и ги потенцираше добрите пријателски односи со Австралија. Притоа, го запозна гостинот со актуелната политичка…

повеќе...

Прославен 32. охридски бал во Мелбурн

Со 450 гости, иселеници од Охрид и Македонија на петтиот континент, Охридското социјално друштво Свети Наум Охридски во Мелбурн, Австралија, на 32-иот традиционален охридски бал, деновиве го одбележа својот патронен празник и заштитник Свети Наум Охридски. Претседателот на друштвото, Васко Ангеловски, потврди дека средствата собрани на прославата ќе се донираат за помош на геријатрискиот оддел во Охридската болница, во рамките на хуманитарните активности за помош на татковината и сограѓаните, за што годинава во проектот „Македонија памети“, охридското друштво ја доби Повелбата на Република Македонија за македонските иселенички организации од претседателот…

повеќе...

Македонија – Австралија на 30 март во Скопје

Македонската А репрезентација на 30 март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против најдобрата репрезентација на Австралија. Шампионот на Азија ќе гостува на Националната арена „Филип Втори“ три дена по нашиот квалификациски натпревар со Белорусија од циклусот за Европското првенство. Македонија и Австралија одиграа контролен натпревар во 1997 година. Натпреварот го доби Австралија со 1:0.

повеќе...

Комитски ден на ВМРО Австралија

Во просторите на Фераро ресторанот  денес се одржа комитски ручек по повод 23-ти Октомври ден на ВМРО. Присутни на оваа прослава беа Пратеникот Васко Наумовски, Конзулаторката Бети Коруновска, претседателите на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од другите градови на Австралија и нашиот светски првак во карате Пеце Наумовски. Претседателот на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Мелбурн Џими Котевски ја започна прославата со првиот говор, а Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ – Австралија Сашо Наумовски во неговиот говор даде мала историја за денот: „Добро дојдовте на овој прекрасен…

повеќе...

Донирана помош во Геријатриското одделение при општата болница Охрид

Заменик градоначалникот на Охрид , Ангел Јанев денес присуствуваше во Геријатриското одделение при Општата Болница каде по повод Светскиот ден на хуманоста, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Австралија, донира дваесет и два специјални душеци и машина за перење за згрижените во ова одделение. Во австралиската донација влегува и ново поставениот ламинат во дел од собите . За вредната донација во име на градоначалникот на Охрид,се заблагодари заменик градоначалникот Ангел Јанев кој истакна дека Кога луѓето се во прашање- никогаш не треба да е доволно, секогаш помошта е добре…

повеќе...

Потпишана спогодба за пријателство меѓу Охрид и Квинбиен – Австралија

Со цел унапредување на заемното разбирање и пријателство помеѓу граѓаните, зајакнување на соработката помеѓу двете општини, постигнување просперитет и развој на општините и  придонес кон развојот на севкупните односи помеѓу Република Македонија и Австралија, градоначалникот на  Охрид Никола  Бакрачески и  градоначалникот на  Квинбиен, Тим Оверал, денеска потпишаа спогодба  за воспоставување односи на пријателство и соработка помеѓу градот Охрид – Република Македонија и градот Квинбиен – Австралија. Во Спогодбата стои дека градот Охрид – Република Македонија и градот Квинбиен – Австралија формално воспоставуваат односи на пријателство и соработка. Размената на соработката…

повеќе...

Блиска соработка во повеќе општествени сфери меѓу Охрид и Квинбиен

На пријателски односи  и блиска соработка во повеќе општествени сфери се  обврзаа Општина Охрид и австралискиот град Квинбиен, со спогодбата за соработка што денес во Охрид  ја потпишаа градоначалниците на двата градови, Никола Бакрачески и Тим Оверал. Непосредно пред потпишувањето на спогодбата за соработка,   двајцата градоначалници  Бакрачески  и Оверал, заедно со претседателката на совет Гордана Коњановска  имаа работна средба на која остварија  плодна дискусија околу начините и модалитетите за идната  соработка меѓу двата градови во повеќе општествени сфери.  Беа разменети  мислења  и искуства   за  соработува во делот на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари работна средба со амбасадорката на Австралија

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес во својот кабинет ја прими Амбасадорката на Австралија за Република Македонија, Јулија Фени чие седиште е во Белград, Република Србија. Целта на работната средба беше продолжување на  етаблираната соработка помеѓу Општина Охрид  и Австралиската амбасада. Во тој контекст , Амбасадорката  Фени, понуди организација на изложба на уметнички слики во Охрид  која би   била организирана  на  датум и место што ќе ги избере Општина Охрид.  Од страна на Градоначалникот Бакрачески како добар датум за излагање беше предложен 8- декември патрониот празник на Охрид, по што се…

повеќе...