Средба на претседателот Иванов со раководствата на банкарскиот сектор во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов и со раководните структури на банкарскиот сектор во Република Македонија. На средбата, беа разменети мислења и информации околу актуелните случувања во економијата, претприемништвото и банкарскиот сектор. Соговорниците разменија мислења и околу импликациите на светската економска криза врз стабилноста на банкарскиот систем, како и за влијанието на внатре – политичката состојба, бегалската и мигрантската криза врз севкупната економска политика во Република Македонија. Посочувајќи ја улогата и значењето на банкарскиот систем за…

повеќе...

Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Александар“, „Ана“, „Димитар“ и „Елена“

Народната банка на Република Македонија ги пуши во оптек кованите пари за колекционерски цели „Александар“, „Ана“, „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на Ангел“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/15 и 173/15). Кованата пара „Александар“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“…

повеќе...

Кривични пријави за двајца директори на Стопанска Банка АД Битола

ОСОСК при МВР до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против лицата Б.Ѕ. (58), член на Управен одбор и Прв Генерален директор на „Стопанска Банка“ АД Битола и Т.М. (63), член на Управен одбор и Втор Генерален директор на „Стопанска Банка“ АД Битола поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, ст.3 и 4 од КЗ на РМ. Пријавените, во својство на службени лица злоупотребувајќи ја службената положба и овластување овозможиле правното лице „Амадеус груп“ Дооел од Охрид да се…

повеќе...

Охридска банка со донација на вода за семејствата во Шипковица

Охридска банка донираше вода за пиење за семејствата во поплавената Шипковица. Неколку населени места поради излевање на реките од речните корита останаа без чиста вода за пиење. „Донирани се 6,5 тони вода за пиење, кои Охридска ги предаде на кризниот штаб во село Шипковица. Оваа донација делумно ќе им овозможи да го премостат дефицитот до целосно санирање на недостигот на вода. Солидарноста е една од клучните вредности на Охридска банка, дел од Сосиете Женерал Групацијата.“– велат од Охридска банка. Со оваа донација банката уште еднаш ја потврди својата посветеност конопштествено одговорните практики кои се препознатлив белег…

повеќе...

Охридска банка со целосно реновирана административна зграда во Охрид

Вчера беше официјално отворена целосно реновираната административна зграда на Охридска банка во Охирд. Со оваа значајна инвестиција се уредија просториите кои целосно соодветствуваат со стандардите на Сосиете Женерал Групацијата. Зградата овозможува удобна работна атмосфера за вработените и ги пресретнувасегашните и идни потреби на банкатаи клиентите. Реновираната административна зграда беше отворена од страна на Претседателот на Управен одбор наОхридска банка -Бранка Павловиќ, Директорот на Европа од Сосиете Женерал –Џанлука Сома и Гувернеротна НБРМ -Димитар Богов во присуство на почесни гости, бизнисмени и вработени. „Причина за оваа празнична вечер е свеченото отворање на целосно реновираната…

повеќе...

Претседателот Иванов во Охрид оствари средба со гувернерот на Народна банка на Македонија Богов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија. На средбата се разговараше за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија, во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз нашата држава. Гувернерот Богов го информираше македонскиот претседател за преземените мерки и активности на Народната банка на Република Македонија, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната. Тој потенцираше дека македонскиот банкарски систем е отпорен и дека може…

повеќе...

Зголемен интересот на Светската банка за Охридскиот регион

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со директорот на канцеларијата на Светска Банка, Горан Тињиќ и неговите соработници. На средбата Тињиќ се интересираше за проектите кои се реализираат преку Светска банка и можностите за идна соработка. Директорот Тињиќ истакна дека Светска банка за наредната година планира нова кредитна линија во висина од 29 милиони долари, кои ќе бидат инвестирани во интегриран развој на туризмот и подобрување на општинските услуги. Овие кредитни линии ќе содржат и грант компонента, а предност ќе имаат проекти со регионален пристап. Градоначалникот Бакрачески ја истакна…

повеќе...

Започна реализацијата на Проектите поддржани од Светска банка

Со почеток на градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“ денеска официјално беше означен почетокот на реализацијата на проектите кои во соработка со Владата на Р. Македонија се подржани од Светска Банка. Почетокот на реализацијата на проектите за кои се обезбедени 128 милиони денари го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Денес почнуваме со реконструкција на улицата „Питу Гули“ каде ќе се реконструираат и тротоарите. Наредниот период во Општина Охрид ќе бидат реконструирани и два кружни токови, едниот на прекрстувањето меѓу…

повеќе...

Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Водолија“ и „Риби“ од серијата „Хороскопски знаци“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Водолија“ и „Риби“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/14, 169/14 и 181/14). Кованата пара „Водолија“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот…

повеќе...

Како ќе изгледаат новите банкноти од 200 и 2000 денари

Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница го прифати идејното решение на новите книжни пари од 200 и 2000 денари и ги задолжи стручните служби да ги преземат сите активности неопходни за нивното печатење. Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна…

повеќе...