На бензиска во Струга се степале кој прв да тури бензин

Утрово, околу 03:00 часот, на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Струга, пристигнале две патнички моторн возила управувани од А.Б.(22) од Струга и К.Б.(27) од с. Велешта. Истите започнале вербална расправија, околу тоа  кој прв да наточел бензин во возилото, која потоа прераснала во тепачка во која се вклучиле и други лица од двете страни. При интервенција на полициски службеници, неколку учесници во тепачката физички ги нападнале полицајците и притоа на еден му ја оштетиле службената облека. Во врска со овој настан, во ПС Струга се приведени неколку учесници во тепачката кои…

повеќе...

Од полноќ поевтинуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат поевтино, бензините за 1,50 денари, а дизелот поевтинува за половина денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се точи за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,50 денари, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе биде 69,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава за пониска цена од 58 денари, мазутот  за 41,410 денари за килограм.

повеќе...

Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот останува непроменет

Според Регулаторната комисија за енергетика од полноќ на бензинските пумпи низ државата ќе се точат горива со повисока цена. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,5 денари по што новата цена ќе биде 82,50 денари за литар, додека пак цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе забележи скок од еден денар, па така новата цена ќе биде 84 денари за литар.  Цената на дизелот останува непроменета односно 70 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и со…

повеќе...

Поскапуваат горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 2,5 до 3 денари. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 4,11%. Цената на ЕУРОСПЕР-БС95 се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 81 денар за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 3 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83 денари за литар, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ 70 денари за литар. Исто така и Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за…

повеќе...

Од полноќ бензините ќе се точат поевтино, дизелот поскап за половина денар

Според одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за половина денар, а дизелот ќе поскапи за половина денар. Новите цени на горивата ќе бидат Еуросупер БС-95 – 78,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 – 80 денари, Еуродизел – 67 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинства исто така  ќе поскапи и ќе се точи за 56 денари за литар. Мазутот  ќе  поевтини за 0,25 денари за килограм и новата цена е 40,425 денари.

повеќе...

Од полноќ поевтинуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат по пониска цена. Вака денес одлучи регулаторната комисија за енергетика. Регулаторите, имајќи го предвид курсот на денарот во однос на доларот и цената на суровата нафта на светските пазари, одлучија да ја намалат цената на горивата за еден денар. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 80,50 денари, а Еуродизел (Д-Е В) 66,50 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 55,50 денари, додека на мазутот ќе чини…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат бензините за еден денар

Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, додека цената на дизелот останува непроменета. Ова е најновата одлука на Реголаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 81,50 денари за литар. Цената на мазутот ќе се намали и ќе изнесува 41,04 денари за килограм. Цената на дизелот ќе остане иста и изнесува 67,5 денари.

повеќе...

Од полноќ поскапуваат горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата за половина до еден денар.  Еуросупер БС -98 и Еуродизел поскапуваат за половина денар, додека пак Еуросупер БС – 95 и екстра лесното масло за домаќинство ќе се точат за цена повисока за еден денар. Мазутот ќе поскапе за 0,716 денари за килограм.

повеќе...

Еуросупер БС-98 поскапува за половина денар

Имајќи ги во предвид цените на суровата нафта на светските пазари, регулаторната комисија за енергетика денес одлучи цените на горивата освен цената на Еуросупер БС – 98, да останат непроменети. Еуросупер БС- 98 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар, односно ќе се продава за цена од 80 денари на литар.

повеќе...

Бензинот и дизелот од полноќ поевтини

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се точат по значително пониска цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 100,668 $/барел и е за 5,89% пониска од просечната цена на сурова нафта (106,971 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,1694 ден/$ и е за 1,79% понизок од курсот на доларот (48,0267ден/$) по кој беа формирани цените.  Референтните цени на нафтените…

повеќе...