До крајот на годината, целосно ќе бидат изработени основните проекти по што стручните екипи на Националниот конзерваторски центар ќе пристапат кон целосната заштита на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово, значаен споменик на културата од XIX век. Активностите за целосна реализација за сочувување на овој вреден манастирски комплекс со активен монашки живот предвидуваат непосредна заштита и санација на црквата, конаците и музејскиот дел, односно Галеријата на мозаици (поранешно училиште, односно Спомен-куќа на Дедо Иљо Малешевски), која се наоѓа во рамките на комплексот. Според усвоената динамика на реализација, од страна на…
повеќе...Tag: берово
Македонија заслужува што побрзо да стане полноправен член на Алијансата: силна порака од неформалниот форум во Берово
„За Република Македонија е значајно група интелектуалци кои имале високи позиции во американското и европското општество, луѓе кои се вистински пријатели на нашата држава да седнат на исто место и да поразговараат за стратегијата што дополнително треба да се направи со цел да го заземеме заслуженото место во НАТО-алијансата“. Тоа го изјави министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за дводневниот неформален форум во Берово на кој учество земаат поранешни министри за одбрана, членови на Парламент и високи претставници на тинк-тенк заедницата во Соединетите Американски Држави. Ние разменивме многу…
повеќе...Фестивалот „Етноплоштад“ препознатлив по високите културни вредности
Андријана Јаневска, Митан проект, Љубојна, Брас фантази, Сашо Гигов-Гиш, Чалгија блуз, Монистра, Уска Кан, како и многу фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и од Бугарија се дел од реномираните музички имиња и состави кои ќе настапат на двете сцени на традиционалниот, 6-ти по ред, „Етноплоштад-фестивал“ (Ethno Square Festival), кој од 28 до 30 август се одржува во Берово. Од општина Берово, која е организатор на Фестивалот, нагласувааат дека се подготвени за исклучителното фестивалско доживување за сите вљубеници на етномузиката. Во изминатиот период Фестивалот стана препознатлив по високите културни вредности што…
повеќе...