Претставници на Руската амбасада во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Во посета на НУ Библиoтека „Григор Прличев“ – Охрид беа Константин Берсенев – заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Руската федерација на РМ и господинот Александар Алексиев – раководител на секторот за култура во Руската Амбасада. На средбата, Директорот на Библиотеката и гостите, разговараа за воспоставување на културна соработка меѓу секторот за култура при Руската амбасада и Охридската библиотека. Токму овој сектор во иднина би бил посредник во организирањето и одржувањето на повеќе културни настани меѓу двете земји преку кои ќе се негуваат културата, јазикот, обичаите и традицијата на…

повеќе...

Охридската библиотека ќе им даде подарок на пензионерите кои утре ќе изнајмат книга

По повод Празникот на пензионерите, 20-ти септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, одлучи да им подари по еден наслов на сите пензионери кои во текот на утрешниот ден ќе изнајмат книга од Библиотеката.

повеќе...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го организира општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

 НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го организира општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овој натпревар имаат учениците и членовите на Библиотеките од Основните училишта од градов и околината.  Натпреварот ќе се одржи на 10.10.2013 година во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 10 часот.  Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од 1 час (60 мин.). Прашањата ќе бидат формулирани според содржината во прирачникот „млади библиотекари“ од Миле Бошески, а истиот заинтересираните ученици…

повеќе...

„Инферно“ од денеска во Охридската библиотека

  „ИНФЕРНО“ – светски познатиот наслов на авторот Ден Браун – од денеска во Охридската библиотека.   Покрај оваа книга, Библиотеката го збогати книжниот фонд со многу нови наслови. Членовите на Библиотеката од денеска може  да ги изнајмуваат: „Момчето во пижами на риги“ од Џон Бојн, „Роза за балерината“ од Лурин Мек Даниел, „Рајот може да почека“ од Кели Тејлор, „Гостинот на папата“ од Владимир Волков, „Невеста во Борџии“ од Џин Калогридис, „Ракописот од Арка“ и „Вештицата од Портобело“ од Пауло Коелјо, „Девојката од Рускиот кварт“ и „Пламен од истокот“…

повеќе...

Утре средба со Емир Соколовиќ

Утре, 12 септември, во 18 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи средба со писателот Емир Соколовиќ од Босна и Херцеговина. Во рамките на средбата предвидено е предавање на тема: „Книжевноста и книгата денес“. Присутните ќе имаат можност да постават прашања или да поведат дискусија на посочената тема. Емир Соколовиќ (Зеница, 1961) е писател, драматург и поет. Дебитирал со „Каде и зошто“ – двојазична збирка поезија, во 1983 година во Италија. Други негови дела се: „Тогаш беше трска“ (поезија, 1998), „Парис – или…

повеќе...