Директорот на АМС Спасески оствари средба со раководството на Регионалната лига во бокс

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, Претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков. Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март. Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик Јадранската Аба Лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот. „Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија,…

повеќе...

Најавен стартот на Меѓународната Манифестација „Златен Гонг“

Боксерската федерација под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на Спортски федерации, како и Градоначалникот на град Скопје ќе го организираат 45-тиот по ред Меѓународен турнир „Златен Гонг“. Имено станува збор за една од најстарите спортски манифестации, а трета во рамките на Европски боксерски турнири. „Влогот на многумина низ изминативе 45 години во организирањето на овој настан придонесе “Златниот Гонг” да прерасне во спортски настан кој го промовира нашиот град и нашата држава, оставајќи траен белег низ спортот. Со задоволство можам да констатирам дека посветеноста и заложбата…

повеќе...

44-то издание на Златен Гонг за Кристијан Демај од Албанија

За првпат боксер од Албанија, Кристијан Демај победи на боксерската ревија златен гонг. Демај го освои 44-тото издание откако во категоријата до 91кг три пати го испрати во нокдаун нашиот репрезентативец Илчо Јоноски. Вториот фаворит Џошуа Буатси од Англија во средна категорија го нокаутираше Димитар Ташков и се закити со признанието најдобар техничар. Единствениот македонец кој победи во финале е Амет Еминовиќ кој го совлада Романецот Михаи во категоријата до 60кг. Македонија се претстави со 7 боксери. Најуспешен странски боксер е Радослав Пантелеев. На програмата беа вкупно 14 финални борби…

повеќе...

Прием на бронзениот кикбоксер од ЕП Зоран Ивановски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денес го прими Мики Ивановски кој на последното Европско првенство во Билбао го освои третото место во категоријата К1 до 81 килограм. Спасески му го честиташе успехот на Ивановски, кој успеа во најтешката категорија да се закити со медалја. Ивановски се заблагодари за приемот и додаде дека ова за него преставува почеток во неговата кариера каде во наредниот период ќе тренира со уште позасилено темпо за да успее да се закити со златна медалја од следното Европско првенство.

повеќе...

Успешен настап на кикбокс репрезентацијата на Европскиот куп „Бихаќ опен 2014“

Македонските претставници во кик бокс овој викенд традиционално учествуваа на престижниот меѓународен кик бокс куп „Бихаќ опен“ во Бихаќ, Република Босна и Херцеговина. На самиот куп присутни беа 9 држави и 590 спортисти. Овој куп се оддржа по 15 пат, а Македонската репрезентација во кик бокс освои 13 медали и 2 место за држава учесник со вкупно освоени медали. Младите претставници ја воодушевија присутнта публика во салата „Луке“ во Бихаќ со техника и спортско однесување на рингот и на татамите. Златни медали 1.Милан Кубин -89кг 2.Бобан Илиевски -71кг 3.Ружди Реџепи…

повеќе...

Злато и бронза за македонските кик-боксери

Злато и бронза за македонските кик-боксери на Европскиот куп кој се одвиваше во кик лајт и К 1 дисциплините од кик бокс спортот, а присуствуваа 8 земји од Европа со повеќе од 200 спортисти. Со злато се закити искусниот Димитар Ѓорѓиев -79кг во кик лајт кој демонстрираше техника и подготвеност како што доликува на светски шампион. Златото го освои победувајќи ги претставниците од Бугарија-Васил Тошев Симов во четврт финале, Андрија Босич -Србија во полуфинале и Александар Менкович од Србија во финалната борба. Сите ги победи со 3:0 со што им…

повеќе...

Прием на македонската кикбокс репрезентација во Агенцијата за млади и спорт

По повод големиот успех на македонската кикбокс репрезентација и освоениот златен медал на Светското првенство во Анталија, Турција директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски организираше прием за репрезентацијата. Директорот Пујовски им го честиташе големиот успех и истакна дека македонската нација веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања и останатите репрезентации гледаат со респект кон Македонија. Исто така, Пујовски додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со вложувањата во спортот и понатаму ќе овозможува услови за развој на спортот и спортистите во Македонија. Претседателот…

повеќе...

Том Вилсон победник на „Златен Гонг“ 2013

Денес во малата сала на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ се одржаа финалните борби на меѓународната спортска манифестација „Златен Гонг“ 2013. Големи победи во своите категории извојуваа македонските боксери Примислав Димовски и Димитар Ташков. Примислав боксуваше против Димитар Лазов од Бугарија и извојува победа со 2:0 додека Ташков боксуваше против Андреј Пешиќ од Србија и победи со 2:0. За освојувач на „Златен Гонг“ беше прогласен Том Вилсон од Англија кој во финалето го победи Марк Мекоун од Шкотска со резултат 2:0. За најдобар домашен боксер беше прогласен Димитар Ташков, за најдобар…

повеќе...

Започнува 43-от Златен Гонг 2013

Денес, организациониот одбор на „ЗЛАТЕН ГОНГ СКОПЈЕ 2013” директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, претседателот на Боксерката федерација Војо Настевски и секретарот Душко Сачкарски одржа прес конференција со што ја запозна јавноста во делот на досегашните активности околу организацијата на меѓународниот боксерски турнир. Во делот на потврдени екипи беа презентирани детали за следните учеснички држави АНГЛИЈА, ВЕЛС, ШКОТСКА, НИГЕРИЈА, АЛБАНИЈА, БУГАРИЈА, СЛОВЕНИЈА, КОСОВО, ЦРНА ГОРА, СРБИЈА, РОМАНИЈА и домаќинот МАКЕДОНИЈА. Организациониот одбор информираше за почетокот на турнирот кој ќе започне во петок, 08.11.2013 год. со полуфинални борби…

повеќе...