Украдени садници од спомен паркот на паднатите борци

На 7-ми Ноември минатата година Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид со своите млади членови ја спроведе акцијата „31 туја за 31 паднат борец при ослободувањето на Охрид“. Но, група вандали на нечовечки начин украле 15 туји, притоа непочитувајќи ја историјата на паднатите млади животи, заштитата на флората во националниот парк „Галичица“, но и младите кои за прв пат засадија садници и се радуваа на своето дело.  „Се надевам релевантните институции како СВР Охрид и НП „Галичица“ ќе преземат соодветни дејствија како би се расветлил и не би се повторил…

повеќе...

19-то Изборно собрание на OO на СБ Охрид и Дебрца

Денес, Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца го одржа 19-то Изборно собрание. Во работна и свечена атмосфера направен е осврт на успешната работа на Организацијата за изминатиот мандатен период. Во овој период Организацијата ги промовираше суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции; во ревитализацијата на СБМ; во изнаоѓање и на други форми на дејствување. Собранието ги избра работните тела на Организацијата – нов Општински одбор, Надзорен одбор и претседателство на Општинскиот одбор. Со едногласна одлука новоизбраниот Општински одбор на својата прва…

повеќе...

Трибина во Охрид по повод 4ти мај

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 37 годишнината од смртта на Јосип Броз Тито и 114 години од смртта на Гоце Делчев, организира Свечен собир (трибина) во просториите на Организацијата на 4-ти Мај (четврток) со почеток во 11:00 часот. За животот и делото на двајцата великани од нашата истроија ќе говори Наце Иваноски – професор по историја.

повеќе...

Сојузот на борци организира трибина по повод 29-ти Ноември

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29ти Ноември ќе организира трибина на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”. За овој значаен настан ќе зборуваат претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца Гоце Георгиески и Наце Иваноски професор по историја. Трибината ќе се одржи утре во просториите на Организацијата ( Барака на „Гранит”) со почеток во 11:00 часот.

повеќе...

Со свеченост ќе се одбележат 73 години од формирањето на Првата МКНОУПБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, утре во селото Сливово ќе организира свеченост. П Р О Г Р А М А 10:30ч с.Сливово – Положување на свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово. – За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја. – Посета на спомен домот. 11:15ч с.Белчишта – Посета на спомен собата. 11:30ч – Положување на свежо…

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОБ

Во Градскиот парк пред спомен обележјата на Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и Мите Богоески, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Р. Македонија, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе. Пред спомен обележјата се поклонија и свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебрца и останати претставници на јавниот живот од Охрид.

повеќе...

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со честитка по повод 11ти Октомври

ОО на СБ-Охрид и Дебрца упати честитка до граѓаните по повод 11ти Октомври, во која се вели: „11 Октомври 1941 година претставува врвен израз и логичен продолжеток на револуционерните и слободарски традиции на македонскиот народ, изразени на сите претходни востанија во минатите векови и децении. Македонскиот народ во тие судбоносни моменти се определи за борба против ропството, против фашизмот – заедно со светската антифашистичка коалиција, борба за остварувањето на вековниот сон за национална слобода и своја држава. Учеството во вооруженото востание во Народноослободителната борба беше револуционерен и патриотски долг на…

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја. „Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското…

повеќе...

Делегации на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ќе положат цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ, и тоа: – Вечерва (1ви август) во 20:30ч во с. Велгошти, – утре (2ри август) во 10:00ч во Охрид на Градскиот плоштад, 11:00ч во,с.Плаќе, во 11:30ч во с.Лактиње. „Втори Август – Илинден претставува сведок на македонскиот непокор…

повеќе...

Во Охрид одбележан Меѓународниот ден на мирот

Со изведба на химната на Република Македонија од страна на Викторија Донеска, денес на Градскиот плоштад, започна одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот во организација на општина Охрид и Општинската организација на сојузот на борци од Охрид и Дебрца. Пред самиот почеток на свеченоста најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со испишани пароли ги испратија своите пораки за Мир во светот, а членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го започнаа годинешниот мировен марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“ кој се одвиваше од нивното седиште до Градскиот плоштад.…

повеќе...