СДСМ: Општина Дебрца со најнетранспарентен буџетски процес

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Центарот за економски анализи (http://cea.org.mk) деновиве ги објави наодите од проектното истражување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај општините во Република Македонија. Во истражувањето се опфатени сите општини во Република Македонија, распоредени во осумте плански региони. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во рамките на Југозападниот плански регион, за фискалната 2016 година општина Дебрца, заедно со општина Центар Жупа се најнетранспарентните општини во поглед на буџетскиот процес и отчетноста при…

повеќе...

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата – Буџетот за 2017 година – по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници. По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и Орхан Ибрами од ДПА. Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за буџетот, според кој, како што рече, е во прилог на македонската економија и е за поддршка на странските и на домашните компании. Го истакна предвиденото…

повеќе...

Владата го усвои Предлог Буџетот за 2017 година

Владата на денешната седница го донесе Предлог Буџетот за 2017 година кој е развоен со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20 отсто во споредба со оваа година и во текот на наредниот ден ќе го достави до Собранието, информира министерот за финасии Кирил Миноски. Вкупните приходи, нагласи, се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, вкупните расходи на ниво од 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе во однос на годинава, а капиталните инвестиции да…

повеќе...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година. За ребалансот не гласаа пратениците од опозицијата, кои истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена. Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милиони денари и намалување на вкупните расходи од 196,276 милиони денари на 195,472 милиони. Дефицитот е ревидиран од 18,984 милиони денари на 21,181 милион денари. Извор: meta.mk

повеќе...

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот за 2016

Владата на Република Македонија вчера на седница го усвои Предлог ребалансот на буџетот за 2016 година, со кој има пари за плати, пензии и социјални трансфери, а капиталните расходи остануваат на високо ниво. Како што образложи на прес-конференција министерот за финансии Кирил Миноски, потребата од носење на овој ребаланс се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од првично предвидените 4 проценти на 2,3 проценти. Појасни дека како резултат на промените на проекциите во растот на БДП неопходно е да се изврши соодветна корекција на проекциите на вкупните…

повеќе...

Почнува расправата за буџет во 2016 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја почне расправата по предложениот Буџет за 2016 година, пишува МИА. Според предлогот вкупните расходи се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 6 проценти во односна 2015 година. Основни карактеристики на буџетот за 2016 година според предлагачот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална…

повеќе...

Изгласан буџетот за 2015, проекции за економски раст и повисок стандард

Пратениците во Собранието на Република Македонија на денешната 18-та седница по завршувањето на општиот претрес со 65 гласови „за“ го донесоа буџетот за 2015 година. Предлог буџетот за 2015 година е со реални проекции и ги отсликува владините приоритети и политики за економски раст и развој, поддршка на приватниот сектор и на стандардот на граѓаните, оценија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на општата расправа за буџетот за следната година, пренесе МИА. Пратеничката група на ДУИ го поддржа Предлог-буџетот со образложение дека тој е резултат на политичките договори, кои извираат…

повеќе...

Ставрески: Ребалансот обезбедува дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10

Интензивирање на изградбата на Коридорот 10, реалокација на средства меѓу буџетските корисници во рамки на обезбедената маса на плата, обезбедување дополнителен износ во Фондот на ПИОМ, надминување на последиците од елементарните непогоди во општините, а истовремено незагрозување на исплатата на обврските е предвидено во предложениот ребаланс на Буџетот за 2014 година за кој денеска почна расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како што образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, станува збор за мини-ребаланс кој предвидува намалување на приходната и на расходната страна вкупно за 2 проценти.…

повеќе...