Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, автобуски гуми, оптички нишани за пушки, бижутерија, разни употребувани и нови производи и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 27.000 швајцарски франци, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Кај патникот се пронајдени 37.800 швајцарски франци, од кои согласно законските прописи на патникот му се вратени 10.800 швајцарски франци (противвредност на 10.000 евра), износ што може слободно да се внесе во…
повеќе...Tag: царина
Грчки цариник со син спреј оштетил скопска регистарска табличка и ознаката „МК“
Вчера (15.10) на ГП „Богородица“ од страна на скопјанецот С.И. е пријавено ново оштетување на возило во соседна Грција. Овојпат, станува збор за оштетување на TМВ марка „ERF EC 11“ со полуприколка во Солун. Имено, додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката пришто целосно била покриена ознаката „МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција. Инаку во текот на годинава на ГП…
повеќе...Се асфалтира граничниот премин Богородица
Од Царинската управа на Македонија информираат дека на граничниот премин Богородица во тек е асфалтирање, со цел обновување на асфалтните површини на патничкиот премин и царинскиот терминал. Во текот на вчерашниот ден извршено е асфалтирање на патничкиот премин, а денес ќе се асфалтира на царинскиот терминал. Од Управата напоменуваат дека сообраќајот нема да биде во прекин, но можно е отежнување за тешките товарни возила кои гравитираат на влез и излез од граничниот премин и терминалот каде ќе се користи едниот пристап на влезот до терминалот.
повеќе...Запленети златен накит, лекови, цигари, девизи и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и значителен број обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, лекови, цигари, делови од лифт, електрична опрема, додатоци за мобилни телефони, облека, рачни часовници, парфеми и фалсификати. Задржана е следната стока: Златен накит и девизи – 195 грама златен накит, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патниот правец Петровец – Скопје, на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Во рачна чанта на патничка во автобусот, македонска државјанка, се…
повеќе...Спречен шверц на 76 штеки цигари
Царинските службеници на аеродромот Александар Велики во Скопје спречија обид за шверц на 76 штеки цигари. На 7.10.2015 година околу 16:30 часот, за излез од Македонија со лет за Лондон се пријави британски државјанин. Прашан дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно, но при проверка на багажот царинските службеници пронајдоа 39 штеки цигари Marlboro Gold и 37 штеки Malboro Red, или вкупно 15.200 парчиња цигари. Цигарите, сите со македонски акцизни маркички, се привремено задржани, а против сторителот покрената е прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување за…
повеќе...Поднесени кривични пријави од Царинска управа во септември 2015 година
Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец септември 2015 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 7 кривични пријави против 7 физички лица и четири правни лица. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Фалсификување исправа“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Криумчарење Две кривични пријави, до Основното јавно обвинителство во Куманово, се поднесени против две физички лица за сторено кривично дело криумчарење, од кои: * Една кривична пријава е поднесена против српски…
повеќе...Лишен од слобода македонски државјанин баран за шверц на дрога од февруари годинава
Царински инспектори од Одделението за истраги вчера на граничниот премин Табановце – автопат лишија од слобода македонски државјанин со иницијали М.Ф., против кого во месец февруари годинава беше поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во моментот на откривање на кривичното дело, осомничениот не беше достапен на органите на прогонот, а судија на претходна постапка во отсуство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање. На…
повеќе...Завршена надградбата на системот за обработка на Царински декларации
Од Царинската управа на Република Македонија информираат дека најавената надградба на Системот за обработка на царински декларации, е успешно завршена. Состојбата со спроведување на увозно-извозни операции во цринските испостави Охрид, Струга и Ќафасан после 9 часот е нормализирана. Утре прекин во работењето на Макцис системот во царинските испостави Охрид, Струга и Ќафасан
повеќе...Утре прекин во работењето на Макцис системот во царинските испостави Охрид, Струга и Ќафасан
Од Царинската управа на Република Македонија информираат дека утре 7-ми октомври (среда), во периодот од 7 до 11 часот во Царинските испостави Охрид, Струга и Ќафасан ќе биде во прекин системот за обработка на царински декларации, заради спроведување активности за негова надградба, и во тој период нема да се спроведуваат увозно-извозни операции во наведените царински испостави.
повеќе...Царината заплени мобилни телефони, парфеми, рамки за очила, додатоци на исхраната и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, рамки за очила, очила за сонце, парфеми, мобилни телефони, облека, автоделови, регистарски таблички, додатоци на исхраната и фалсификати. Задржана е следната стока: Козметика и модни додатоци – 436 рамки за очила и 30 пара очила за сонце, откриени при контрола на украински автомобил, управуван од украински државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Стоката е пронајдена во 3 картонски кутии, сместени во багажникот на возилото, покриени со куфери и…
повеќе...