Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година … Со буџетски средства на Министерството за култура ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година. „Според планирањата, се надевам дека до…

повеќе...

ЖЦ „Бисера“ и Организацијата на жени Будва одбележаа 10 години соработка

Женскиот Центар „Бисера“ Охрид  и Организацијата на жени Будва оваа година одбележаа 10 години заедничка соработка. По тој повод, во Охрид синоќа се одржа модна ревија на модната креаторка од Црна Гора, Јелена Џукановиќ.

повеќе...

„Импровокација“ во петок во Центарот за култура Охрид

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 10ти март (петок) ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“. Ова е трета “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да…

повеќе...

„Импровокација“ во сабота пред охридската публика

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар во сабота, 25ти февруари ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот. Ова е втора „епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање…

повеќе...

Вечерва ќе се промовира стрипот „Витези од соседството“

Вечерва ќе биде промовирана графичката новела „Витези од соседството“ на сценаристот Јордан Коцевски и илустраторот Дарко Богданов. Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за клутура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19:00 часот. „Витези од соседството“ е стрип со урбана содржина, кој главните личности ги става во неочекувани ситуации. „Витезите“ се обични млади луѓе кои се обидуваат да го донесат соседството во стариот сјај, исчистен од проституција и дилери. Покрај во Охрид, промоции на стрипот ќе бидат одржани и во домот на култура во Виница на 24.02.2017…

повеќе...

„Дениција“ од Петре М. Андреевски во четврток во Центарот за култура Охрид

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, во четврток (23ти февруари), во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, повторно ќе се прикажи драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот…

повеќе...

„Детектор за лаги“ во сабота повторно на репертоарот во Центарот за култура

Хит претставата „Детектор за лаги“, во сабота (11ти февруари) повторно на репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот по цена од 200 денари. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст е над 15 години.

повеќе...

Програма за „Прличеви беседи“ 2017

По повод годишнината од смртта на охридскиот писател и преродбеник Григор Прличев на 5-ти февруари ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Прличеви Беседи“. „Прличеви Беседи“ е манифестација која постои од 1952 година, започната од културните институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев. „Прличеви Беседи“ е манифестација која во градот Охрид ја одбележува Центарот за култура, Охридската библиотека, Основното училиште, Просветно дело, Друштвото на писатели, Локалната самоуправа и Министерството за култура. Во целост ја пренесуваме програмата: OПШТИНА ОХРИД, НУ ЦЕНТАР…

повеќе...

Депонија никна близу Конгресниот Центар

Несовесни граѓани неуредно депонираa отпад кај Конгресниот Центар во Охрид, с.Коњско, кој е лоциран на една од најатрактивните локации на крајбрежјето на Охридското Езеро. Како што може да се види од фотографиите кои ни ги испрати наш читател, отпадот е расфрлан на сите страни, само не во контејнерите.

повеќе...

„Македонски стар и нов завет“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2016

Жири комисија за доделување на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2016 година при Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, на состанокот од 20 јануари 2017 година, од трите поеми кои влегоа во најтесен круг, (а од вкупно дваесетте пристигнати): „Слово горко непремолк“ под шифра „892000“, „Македонски стар и нов завет“ под шифра „Библија“ и „Армагедон“ под шифра „Кузман Капидан“ за најдобра ја избра поемата „Македонски стар и нов завет“ испратена под шифра „Библија“. Текстот на поемата „Македонски стар и нов завет“ се издвојува со лирско-епското…

повеќе...