Со свечена церемонија, утре, ќе биде отворен конзулат на Унгарија, при што ќе се изврши и инаугурација на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид. Инаугуруцијата на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид ќе ја изврши државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Република Унгарија, Иштван Иѓарто. Официјална церемонија ќе започне во 12.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред присутните ќе се обратат заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и Амбасадорот на Република…
повеќе...Tag: центар
Охридска премиера на „Дениција“ од Петре М. Андреевски
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, во четврток на 19 јануари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат…
повеќе...Вечерва ќе биде отворена изложбата Големата „ТРОЈКА“ за мигот и вечноста
Вечерва во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата Големата „ТРОЈКА“ за мигот. Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба го оживуваат сонот на секој оној кој има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности. И овојпат, бројот три е симбол на успехот, резултат на долгогодишната работа и искуство, симбиоза на емотивноста, проткаена со моќта на ликовниот израз и големината на вечното пријателство на петте…
повеќе...Претставата „Приказните на заборавените претци“ вечерва пред охриѓани
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, во соработка со Народен Театар Слојштица Ве покануваат на тетарска претстава „Приказните на заборавените претци” – според приказните на Дедо Илија Кочовски. Претставата ќе се изведе вечерва, со почеток во 20.00 часот. Влезот чини 100 денари. Претставата е во режија на Андреј Цветановски, а играат актерите: Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски. Оваа претстава ја имаше својата премиера на 28-ми август во село Слоештица како дел од фестивалот Славење на пирејот кој се одржа по десетти пат.
повеќе...Туристички инфо центар во Охрид
Имајќи во предвид дека успехот на туристичката дестинација во голема мера зависи од начинот на презентирање на истата и достапноста до информациите со кои располагаат туристите кои доаѓаат во Охрид, на аголот меѓу улиците„ Македонски просветители“ и „ Партизанска“ поставен e новиот типизиран туристички инфо центар, каде туристите ќе можат да ги добијат сите потребни информации за туристичката понуда на градот, податоци за расположливите сместувачки капацитети и информации за актуелните настани во градот. Со цел да се зголеми протокот на информации до туристите кои престојуваат во Охрид , а имајќи…
повеќе...„Детектор за лаги“ во среда пред охриѓани
Хит претставата „Детектор за лаги“, во среда (30ти ноември) повторно на репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот по цена од 150 денари. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст е над 15 години.
повеќе...Вечерва „Парламентарки“ пред охридската публика
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, Охридскиот народен театар, вечерва во 20:00 часот ќе ја изведе театарската претстава „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов. Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев. Влезот за истата чини 150 денари, а препорачана возраст: +15. WebOhrid
повеќе...„Парламентарки“ во среда пред охриѓани
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, Охридскиот народен театар на 23 ти ноември (среда), во 20:00 часот повторно ќе ја изведе театарската претстава „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов. Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев. Влезот за истата чини 150 денари, а препорачана возраст: +15. WebOhrid
повеќе...„Детектор за лаги“ во петок пред охридската публика
Хит претставата „Детектор за лаги“, во петок (18ти ноември) повторно на репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот по цена од 150 денари. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст е над 15 години.
повеќе...Одржана 21-та Тортијада во Охрид
На 12ти ноември во организација на Женски Центар „Бисера” во хотелот „Нова Ривиера ”се одржа 21-та тортијада. И оваа година тортијадата беше од натпреварувачки карактер, а учествуваа слаткарници од Охрид и жени аматерки. Оваа година покровител на манифестацијата беше Мирјана Тодороска која за оваа пригода специјално допатува од Швајцарија. Со гласање на сите присутни гости од слаткарниците Прва беше избрана тортата Паун на слаткарница Анабела. Втора тортата Охридски Пејсаж на слаткарница Савита иТрета тортата Бозји дар на слаткарница Теодина. Од Аматерките Прво место тортата Кутија за накит од Катарина Љубичич, Второ место…
повеќе...