Новогодишна честитка на ОО СДСМ Охрид

ОО на СДСМ Охрид испрати новогодишна честитка до граѓаните, во која стои: „Почитувани сограѓани, Од 2017 година, заедно со сите граѓани во Република Македонија, почнуваме и во Охрид да го создаваме животот што го избравме. За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани. За да градиме општество на среќни граѓани. За да не’ водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над личните интереси. И кои знаат како…

повеќе...

ОО на СДСМ Дебрца со Новогодишна честитка до граѓаните

ОО на СДСМ Дебрца испрати Новогодишна честитка до граѓаните: „Почитувани граѓани на Дебрца, драги пријатели, Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење. Затоа, нека 2017-та година биде година на животот, кој го избравме. Година кога Македонија ќе стане нормална држава, општество на слободни и среќни граѓани. За децата да ни останат дома. Нека биде година кога животот и насмевките на граѓаните ќе се вратат насекаде, вклучително и во општина Дебрца. Ве повикуваме заедно да ги прифатиме…

повеќе...

Заев: Од 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со Новогодишно обраќање до граѓаните: „Почитувани граѓани, 2017 ќе биде година на нашиот живот. Избравме живот. Цврсто одлучивме да си го вратиме животот. Успеваме заедно! Ја почнавме 2016 со надеж дека ќе си го вратиме животот. Дека ќе успееме да ги мотивираме нашите деца да живеат и работат дома. Дека ќе создадеме услови да бидеме еднакви и спокојни. И тргнавме во остварување на таа цел. Се излеавме на улиците, различни, од сите страни, сплотени во желбата за слобода. Заедно носевме и донесовме важни политички одлуки…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. „Почитувани, Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ. Божиќ е празник кој го слави раѓањето на синот Божји. На овој празник ја славиме љубовта, надежта и животот. Ова е период од годината кога повторно се навраќаме на основните човекови вредности, кон потребата да бидеме солидарни, хумани и човечни, да…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на наставата на турски јазик

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на 21 Декември- Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската етничка заедница, во која изразува увереност дека со употребата на мајчиниот јазик во образованието се придонесува во чувањето на идентитетот на народите. „Одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, е уште една можност да се потврди нашата определба за мирен и просперитетен соживот со турската етничка заедница во Охрид, чии граѓани сестрано придонесуваат за развој на општествената заедница. Воедно тие се и мост за продолжување на вековнта традиција…

повеќе...

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за празникот Св.Климент Охридски

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид упати честитка по повод денешниот празник „Св. Климент Охридски”. Во неа се вели: „Денешниот пресветол ден посветен на Св. Климент Охридски преставува симболика на најзначајните духовни и световни вредности. Ден кога ги празнуваме Светиклементовите дејанија преку кој се поставени основните принципи на духовноста, писменоста и хуманоста. Упорноста и трудот на Св. Климент Охридски во ширењето на писменоста и продолжување на делото на браќата Св. Кирил и Методиј преку различните мисии и апостолските дејности докажуваат за посветноста кон она што значи зацртана цел со општа порака за…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Денеска се одбележува Денот на создавањето на албанската азбука. Овој ден се смета за еден од клучните настани за себеидентификација и за промовирање на албанската национална мисла. Идентитетот на народот тесно се поврзува со континуитетот на традицијата. Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест. Негувајќи го јазичното и…

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид со честитка за 7-ми Ноември

СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 72 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: 7-ми Ноември е еден од најзначајните датуми

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка до граѓаните, по повод 7ми ноември- Денот на ослободувањето на Охрид. „7-ми Ноември е еден од најзначајните датуми во поновата локална историја во градот Охрид, а со тоа и во целокупната Македонска историја. Датум кој претставува симбол на стремежот на вековната макотрпна и пожртвувана борба на нашите предци за достигнување на крајната цел конечно совладување на градот Охрид и Македонија.Од тука наша задача е вечно да го славиме овој датум затоа што само на тој начин ќе го спомнеме историскиот континуитет на вековната борба,…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Денеска, на 23 Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестмина Македонци сплотени ја создадоа првата семакедонска организација која ги даде основните насоки за создавање слободна, независна и суверена македонска држава. Нивната мисија го обедини народот на Македонија, независно од етничката, верската или јазичната припадност во заедничката борба за слобода, државност и независност. Годините кои следеа носеа жртви…

повеќе...