Отслужена литургија за Томина Недела

Денес, во Неделата по Пасха – Томина недела, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ Долна влашка маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати он верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Томина Недела

Првата недела по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил…

повеќе...

Ќе се служи Архиерејска литургија по повод Томина Недела

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници утре, во црквата „Св.Никола – Долна влашка маала – Охрид, ќе се служи архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“. Литругијата ќе биде со почеток во 8:30 часот. WebOhrid

повеќе...

Отслужена литургија во црквата Каменско по повод Источен Петок – Балаклија

Во Петокот од Светла седмица- Источен Петок – Балаклија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, денес беше отслужена света архиерерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати…

повеќе...

Источен Петок Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…

повеќе...

Отслужена света литургија во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео

По повод празникот Светли Четврток, во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео во Охрид, денес беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Светли четврток

Православните христијани денес го празнуваат Светли четврток. По тој повод архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот. Утре, Источен петок- Балаклија, архиерејска литургија ќе има во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 08:30 часот. На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. WebOhrid

повеќе...

Во Каменско ќе се служи света литургија по повод Источен петок – Балаклија

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. април 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“, (Едноцрквие). На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Упокоение на Св. Методиј Солунски – Св. Евтихиј патријарх Цариградски

Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците…

повеќе...

Трет ден Велигден, завршува најголемиот христијански празник

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите…

повеќе...