Денес, во Понеделник од Светла седмица – Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот струшки народ со пригодна беседа.
повеќе...Tag: црква
Најавена радосната вест за Воскресението Христово
Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници. Илјадници граѓани, гости и туристи вечерва во сите цркви во Охрид дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Воскресение – Велигден. Така беше и во Црквата Св.Никола Долна Влашка Маала, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со поздравот Христос Воскресе, Навистина Воскресе. Централната…
повеќе...Христос Воскресе – Навистина Воскресе!
По повод најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден и За многу години. Христос Воскресе – Навистина Воскресе! WebOhrid
повеќе...Велика Сабота
Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото…
повеќе...Лајонс клубот „Десарети“ – Охрид донираше ваучери за социјално загрозени семејства
По повод големиот Христијански празник – Велигден, Лајонс клубот „Десарети“ – Охрид, донираше вредносни ваучери од по 3.000 денари на 15 социјално загрозени семејства од Охрид, во соработка со Црковниот храм „Св.Ѓорѓи“. Вкупната вредност на донацијата изнесува 45.000 денари. Л.К. „Десарети“ – Охрид јавно ги повикува сите хумани луѓе, како и здруженија во пресрет на овој голем празник да го покажат своето човекољубие и да помагаат на оние на кои што им е најпотребна помош, со цел и ранливите категории на граѓани да можат да го прослават овој голем христијански…
повеќе...Отслужени Царски часови и Вечерна богослужба во црквата Каменско
Денес, на Велики Петок утрово, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беа отслужени Царските часови и Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. За време на Вечерната богослужба, беше изнесена светата плаштаница, на која верните се поклонуваат на положениот во гроб Христос.
повеќе...Велики Петок
Велики Петок, (или Велипеток, Распет петок) е ден кога е распнат Исус Христос. Одлуката за погубување на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен,…
повеќе...Велики Четврток
Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана. Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во…
повеќе...Велика Среда
На Велика Среда, Црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница. Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на…
повеќе...Велики Вторник
На Велики Вторник се споменува Господовото изобличување на книжниците и фарисеите, Неговите беседи и параболи изречени во Ерусалимскиот Храм, за данокот на кесарот, воскресението на мртвите, за Страшниот Суд, десетте девојки и талантите, Божественото достоинство на Месијата како и за најголемата заповед на Законот. На Утрената на овој ден се чита дел од Евангелието според Матеј, каде Господ не еднаш, ами седум пати ги разобличува книжниците и фарисеите, велејќи им „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери“. Истовремено, Тој ги разобличува и садукеите (кои не верувале во воскресeнието) и закониците. Ова…
повеќе...