Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Синоќа, пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид, политички партии, здруженија на граѓани како и поединци. Меѓу присутните жители од Велгошти, присутен беше и екс-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески им го честита овој светол и голем ден за македонската историја.…
повеќе...Tag: цвеќе
„Цветни балкони – Цветен Охрид“
Денес во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка”, „Прилепска”, Винковачка”, „Прилепска”, „Будва” и ул. „Кленоец”. Граѓаните кои се заинтересирани за оваа акција, и кои живеат на овие улици, можат да подигнат жардиниери со цвеќе денес и утре (6 и 7 јуни), а при себе треба да имаат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.
повеќе...Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…
повеќе...Свежо цвеќе на Спомен – обележјето на Христо Узунов во градскиот парк
Во рамките на одбележувањето на 112 години од херојската смрт на Христо Узунов, денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма.
повеќе...Со низа активности ќе се одбележи патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“
Основното училиште „Христо Узунов “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. По тој повод во петок (21 април) во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена прослава. Погледнете ја програмата:
повеќе...Започнаа активностите за одбележување на патронатот на ОУ „Живко Чинго“
Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти. Утрово делегација на училиштето, предоводена од директорот Ѓоко Чингоски положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго. Активностите продолжуваат вечерва со свечената прослава која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid
повеќе...Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОБ
Во Градскиот парк пред спомен обележјата на Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и Мите Богоески, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Р. Македонија, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе. Пред спомен обележјата се поклонија и свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебрца и останати претставници на јавниот живот од Охрид.
повеќе...Со низа активности ќе се одбележи 11ти октомври – Денот на Народното востание
Општина Охрид и организацијата на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, организираат свечено одбележување на 11ти Октомври – Денот на народното востание. Утре (понеделник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 10 часот ќе има свечена програма по повод јубилејот- 75 години од народното востание, а вечерта во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи музичката група „Билјана- Јуниор“ . На 11ти октомври, кај спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе.
повеќе...Засадено дрвце во паркот на поезијата во Струга во чест на годинешниот лауреат на СВП
Денеска во Паркот на поезијата во Струга беше засадено дрвце, во чест на добитникот на „Златниот венец“ на 55то јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата 2016, канадската поетеса Маргарет Атвуд. Престижната награда „Златен венец“ на Марагрет Атвуд ќе и биде врачена утре на традиционалното поетско читање „Мостови“.
повеќе...По 28ми пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти
Синоќа во селото Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка “ по 28-ми пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Локалната самоуправа, претставници на Месната заедница од Велгошти, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. На чествувањето, на младата охриѓанка Емилија Карафилоска, заменик градоначалникот му ја врачи наградата „Живко Чинго“ за најдобар, која изнесува 30.000 денари.…
повеќе...