Одбележување на 113 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ, во состав: Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, оддаде признание и почит на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност.

повеќе...

Одбележана 108 годишнината од смртта на Марко Бошнаков

Делегација на општина Охрид денес положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошнаков, пред неговата родна куќа, по повод 108 годишнината од неговата смрт. Пред присутните охриѓани за животот и делото на Бошњаков пригоден говор одржа претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации, Дејан Пановски. „Историски час“ одржа Славица Јанкоска- Раководител на Државниот архив на Република Македонија, подрачно одделние Охрид. Марко Бошнаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на…

повеќе...

Министерот Спасовски положи цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје по повод празникот „13ти Ноември“

По повод празникот „13ти Ноември“- денот на ослободување на Скопје, делегација на Владата на Република Македонија предводена од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје. На настанот освен делегацијата на Владата на Република Македонија, цвеќе положија и делегации на Град Скопје, високи државни делегации, Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, претставници од Армијата на Република Македонија, претставници на општините на Град Скопје, како и членови на други институции.

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Р. Македонија, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и Мите Богоески во Спомен – паркот на Револуцијата и кај Градски гробишта. Пред спомен обележјата се поклонија и свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебарца, од политичките партии и останати претставници на јавниот живот од Охрид.

повеќе...

Делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите херои за Македонија

Социјадемократскиот сојуз учествува и во државното одбележување на денешниот празник, 8 септември, Ден на независноста на Република Македонија. Делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски заедно со Благој Бочварски, член на И.О на СДСМ и Софија Куновска, пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ Скопје, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот Жена борец. Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од раководството на СДСМ, на највисоко ниво, претседателот Зоран Заев, заменик…

повеќе...

СДСМ го одбележа Денот на АРМ

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија, 18-ти Август, партиска делегација на СДСМ во состав: Максим Димитриевски-член на ИО и претседател на Комисијата за одбрана, Татијана Прентовиќ-членка на Извршниот одбор и Драган Тевдовски-член на ИО на СДСМ, положи свежо цвеќе на градските гробишта Бутел во Скопје, и тоа: – на Партизанските гробишта – пред вечниот дом на починатиот Претседател на Република Македонија и Врховен командант Киро Глигоров – пред вечниот дом на загинатиот Претседател и Врховен командант Борис Трајковски – пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски.

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на илинденските борци во селото Велгошти вечерва започна одбележувањето на големиот празник Илинден. Пред споменикот се поклонија членови на МЗ Велгошти, претставници на Месниот комитет и претставници од Сојузот на борци од Охрид. Пред присутните, се обрати претседателот на Месната Заедница, Велгошти, Јонче Арнаудоски. На свеченоста, оваа година немаше ниту еден претставник од Локалната самоуправа. WebOhrid

повеќе...

Делегација на СДСМ положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 112 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на СДСМ оддаде признание и почит на големото дело на апостолот на македонската борба за слобода, самостојност и државност. Партиска делегација на СДСМ во состав, Фросина Ременски-потпретседателка, Тања Ковачев-членка на Извршниот одбор и Пеце Мирчески-член на Извршниот одбор на партијата, положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со жените претприемачи и успешни жени во своите професии од Охрид

По повод меѓународниот ден на жената, Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жените претприемачки и успешни жени во своите професии од Охрид. Во празнична атмосфера Градоначалникот Бакрачески со охридските претприемачки разговараше за можностите за поголем туристички и стопански развој на Охрид со акцент туризмот да прерасне во основна стопанска дејност во градов. Во рамки на 8-мо мартовските празнувања, заменик Градоначалникот , Ангел Јанев, во име на Градоначалникот Никола Бакрачески со цвеќе и искрени желби за здравје празникот им го честита на жените со телесна инвалидност од Охрид.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на самохраните мајки и сите жени им го честита 8-ми Март

Со низа активности општина Охрид и годинава го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март. Утрово градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на волонтерите од Црвен Крст на 60 –ина самохрани мајки корисници на социјална помош им го честита празникот подарувајќи им цвеќе и пакети со средства за лична хигиена. „Им го честитам денот на сите жени и мајки, им посакувам многу здравје, остварување на нивните планови и успех во кариерата. Целта на ваквите средби е и да се оствари директна средба на која ќе поразговараме за нивните проблеми, идеи, размислувања…

повеќе...