Промоција на македонските вина во Данска

Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска. Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на…

повеќе...

Македонскиот туристички производ промовиран за прв пат на саем за туризам во Данска

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, после саемот Vagabond во Копенхаген, за првпат ја претставува туристичката понуда на најголемиот интернационален саем за туризам на Скандинавија во Хернинг, Данска (24-26.02.2017). Саемот за туризам во Хернинг е организиран во 13 хали, а туристичката понуда на 1100 изложувачи е претставена пред 61 885 посетители на саемот. Агенцијата за промоција и поддшка на туризмот ги претстави природните убавини, и можностите за активен туризам, привлечувајки огромен интерес кај скандинавскиот туристичкиот сектор и посетителите. Во конкуренција од 51 земја која насаемот ја…

повеќе...

Дански културен настан во Охрид

Општина Охрид и НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид заеднички организираат концерт на „Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди. На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид.

повеќе...

„Кошмар во Македонија“

„Кошмар во Македонија“, ова е насловот на официјалната веб-страна на фудбалската репрезентација на Данска, по вчерашниот пораз од 0:3 против Македонија на арената „Филип Втори“ во Скопје. Разочарани од стартот на нивната репрезентација во 2013-та година, данската федерација ја оцени нашата репрезентација како храбра, борбена, прецизна и спремна за брзи промени во играта, додека пак своите репрезентативци особено во првото полувреме ги окарактеризира како пасивни. За второто полувреме велат дека се случило тоа што се случува и на секој нивни пријателски натпревар. По извршените измени паѓа нивото на нивната игра,…

повеќе...