Делегација од Далиан утре во посета на Охрид

Висока делегација од збратимениот кинески град со Охрид, Далиан утре ќе биде во работна посета на општина Охрид. Во рамки на посетата предвидено е потпишување на меморандум за соработка помеѓу претставници од Сектор за туризам и локален економски развој од Охрид и од Бирото за туризам од Далиан. Градот Далиан е еден од најразвиените градови во Кина, лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија. Пристаништето во Далиан е на десетто место според обртот, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во Светот. Регионот на градот Далиан е…

повеќе...

Делегација од Азербејџан во посета на Општина Охрид

Делегација од градот Баку од Азербејџан во коа беа академик Гафир Јабиев, потпредседател на Советот за радиодифузија, академик Кубра Алиева, директор на Институтот за археологија при Азербејџанската академија на науките и уметностите и проф. д-р Фериз Кјалили, директор на организацијата за промоција на културното наследство и туризмот, денеска ја посетија Општина Охрид. Проф. д-р Рубин Земон од Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, информира дека тие учествуваа на третата Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите. Домаќините, заменик-градоначалникот Ангел Јанев, членот на Советот…

повеќе...

Продолжуваат чествувањата за Свети Климент Охридски

Со низа свечености и денес продолжија чествувањата на светецот и патрон на Охрид, Свети Климент Охридски. Градоначалникот Бакрачески, претставници на локалната самоуправа и гости од збратимените градови, утрово присустуваа на свечената богослужба во црквата посветена на Свети Пантелејмон и Свети Климент на Плаошник. Во рамките на чествувањата, во центарот за култура “Григор Прличев“, во организација на Австралиската амбасада, беше отворена ликовната изложба, “Богатството на духот“ од домородни австралиски уметници. Напладне, на градскиот плоштад со пригоден уметнички перфоманс пред споменикот на Свети Климент Охридски, градоначалникот Бакрачески, претставници на политички партии, здруженија…

повеќе...

Плодна средба на делегацијата на Општина Охрид во посета на Пиран

Делегација на општина Охрид составена од заменикот градоначалник на Охрид Ангел Јанев и советникот Илјат Ибраим, во петок (17.10.2014 година), ја посети општината Пиран – Словенија. Делагацијата, во името на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и во името на граѓаните на Охрид на градоначалникот на Пиран Петер Бросман го честитаа денот на градот Пиран. Му посакаа и успех на локалните избори во Словенија. Воедно, оваа средба веше искористена за и за конкретни активности помеѓу општината Охрид и општината Пиран. На средбата учествуваа членовите на проектните тимови при општината Пиран. Тие…

повеќе...

Делегација на Општина Охрид во посета на Винковци

Во саботата, делегација на општина Охрид составена од заменикот градоначалник на Охрид Ангел Јанев и советникот Илјат Ибраим ја посетија збратимената општина од Хрватска општината Винковци. На средбата со градоначалникот на општината, др. Младен Карлич, неговиот заменик задолжен за проектни активности, директорката на развојната агенција Винковци, Мирта Штрк и директорот на агенцијата за развој на Вуковарско Сремската жупанија Иван Римац се разговараше на повеќе теми и беа договорени конкретни проекти за соработка, за кои реализација се очекува во наредната година. Меѓу позначајните прокети се: 1. Покана за градот Охрид за идната…

повеќе...

Делегација од Визмар – Германија во посета на Охрид

Делегација од германскиот град Визмар беше во работна посета на Охрид.Гостите од Германија односно градоначалникот и сенатор Михаел Беркан , спикерот на градскиот совет Андреас Нилсен, членовите на градскиот совет и на партијата ЦДУ Др. Хоот и Фридер Вајнхолд, остварија работен состанок со заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој . На средбата се разговараше на повеќе теми како што се одржлив развој на туризмот и стопанството а се разгледаа и можностите за заеднички настап пред европските фондови и УНЕСКО фондовите.…

повеќе...