Премиерот Груевски во работна посета на Кина

Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и заменик министерот за економија Христијан Делев се во неколкудневна посета на Народна Република Кина. Претседателот на македонската Влада ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на Влади на земјите на Централно Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум во Суџоу, кој ќе се отвори денес, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на 16-те земји…

повеќе...

Делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите херои за Македонија

Социјадемократскиот сојуз учествува и во државното одбележување на денешниот празник, 8 септември, Ден на независноста на Република Македонија. Делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски заедно со Благој Бочварски, член на И.О на СДСМ и Софија Куновска, пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ Скопје, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот Жена борец. Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од раководството на СДСМ, на највисоко ниво, претседателот Зоран Заев, заменик…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со висока делегација на Европската зелена партија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Европската зелена партија предводена од пратеникот во Европскиот парламент, Реинхард Бутикофер. На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во Република Македонија и демократските предизвици со коишто се соочува земјава. Претседателот Заев го информираше европратеникот Бутикофер за текот на разговорите во рамки на работните групи, согласно превземените обврски од договорот од 2-ри јуни/15-ти јули. Заев го поздрави ангажманот на Европскиот парламент во разрешување на политичката криза во Македонија и потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да дејствува внимателно и фокусирано…

повеќе...

Охрид го празнува Илинден

По повод 2-ри август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на илинденците и борците во градскиот парк. Свежо цвеќе положија и делегации од Сојузот на борци на Народно Ослободителната Борба, советници од Советот на општина Охрид, политички партии, останати претставници од јавниот живот и граѓани. Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ одржа проф. Григор Ангеличин- Жура. Делегација од општина Охрид денеска во село Плаќе положи цвеќе пред спомен обележјето на паднатите…

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на илинденските борци во селото Велгошти вечерва започна одбележувањето на големиот празник Илинден. Пред споменикот се поклонија членови на МЗ Велгошти, претставници на Месниот комитет и претставници од Сојузот на борци од Охрид. Пред присутните, се обрати претседателот на Месната Заедница, Велгошти, Јонче Арнаудоски. На свеченоста, оваа година немаше ниту еден претставник од Локалната самоуправа. WebOhrid

повеќе...

Делегација на СДСМ предводена од Заев учествува на конгрес на ПЕС

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти) којшто денеска и утре се одржува во Будимпешта, Унгарија. Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски. Конгресот на ПЕС, претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент како и…

повеќе...

Висока делегација на Далиан во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес во тридневна посета ја прими петчлената делегација од збратимениот кинески град Далиан, предводена од Хан Кјујанг, заменик генерален директор за меѓународни односи на градот Далиан. Во делегацијата се и менаџерите на врвни компании од областа на градежништвото, инвестициски фондови и енергетскиот сектор. Познато е дека во кинеската долгорочна стратегија, Македонија се гледа како одлична дестинација за бизнис и пристап до Европа и Африка. На средбата високите гости од Кина го запознаа градоначалникот Бакрачески со конкретни чекори што кинеските потенцијални инвеститори ги презеле до…

повеќе...

Делегација на општина Охрид во посета на збратимениот Крагуевац

Делегација на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ангел Јанев и советниците Јадранка Здравеска и Љупчо Настоски, беше дел од официјалните гости, по повод 6 мај, денот на збратимениот град Крагуевац, Србија. Покрај протоколарниот дел од посетата, охридските советници го информираа новиот градоначалникот на Крагујевац, г.Радомир Николиќ за расположивоста на градот Охрид и охриѓани за срдечен пречек на туристи од тој дел на Србија преку цела година, како и за продлабочување за соработката на сите полиња. Со задоволство беше прифатена поканата од градоначалникот Бакрачески за градоначалникот Николиќ за негова посета…

повеќе...

Делегати на XV – конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Списокот на делегати на XV – конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски Емил Димитриев Кирил Божиновски Мартин Протоѓер Зоран Ставрески Гордана Јанкулоска Антонио Милошоски Сашо Мијалков Силвана Бонева Никола Тодоров Владимир Пешевски Коце Трајановски Илија Димовски Љупчо Трпевски Благоја Деспотоски Никола Бакрачески Владимир Ѓорчев Зоран Горгиевски Момчило Аврамовски Зоран Илиоски Никола Попоски Даниела Рангелова Владимир Нелоски Бојан Стојаноски Нола Исмаилоска Фатмир Имеровски Миле Јанакиески Иво Ивановски Елизабета Канческа-Милевска Зоран Јолевски Диме Спасов Веле Самак Бил Павелевски Спиро Ристовски Марта Арсовска-Томoвска Ванчо Костадиновски Христијан Делев Билјана Бришкоска-Бошковска Анастасија Илиеска Божидар Петроски Игор…

повеќе...

Висока француска делегација во посета на Охрид

Во чест на посетата на Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Р. Франција, Жан – Марк Тодешини, а на покана на француската амбасадорка во Р. Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за Одбрана на Р. Македонија Зоран Јолевски, присуствуваше на свечена вечера, што вечерва се организираше во Охрид. Почесниот гостин од Франција , Жан – Марк Тодешини заедно со неговиот домаќин Министерот Јолевски утре наутро пред заминување од Охрид ќе ја посетат црквата Св. Богородица – Перивлепта и…

повеќе...