Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски

Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за Христа заедно со неговите двајца презвитери, Авделај и Ананија. Пред нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се одрече од Христа, а потоа трогнат од прекорот на Свети Симеон повторно пред царот ја исповеда вистинската вера. На губилиште заедно со Симеон беа изведени уште илјада христијани. Симеон некако се протна за да може да биде убиен последен, зашто сакаше да ги храбри другите докрај за ниеден од нив да не се поколеба од страв пред смртта. Кога…

повеќе...

Панихида и свеченост по повод 112 години од смртта на Христо Узунов во с.Цер Кичевско

На спомен обележјето во селото Цер – Кичевско, каде пред 112 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида и пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше градоначалниот Никола Бакрачески. „Се собравме, овде пред вечниот паметник на војводата Христо Узунов и неговите соборци, да им оддадеме искрена и достојна почит за нивното големо револуционерно дело и саможртвата што ја направија пред 112 години. Сами си ги одзедоа животите, по тешката и неврамноправна битка…

повеќе...

Томина Недела

Првата недела по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил…

повеќе...

Охридската Гимназија го одбележува Светскиот ден на книгата

Со пригоден час денес охридските Гимназијалци од „Св.Климент Охридски“ го одбележаа 23 април – Светскиот ден на книгата и авторските права. Востановен во Париз од страна на УНЕСКО во 1995 година, денес овој ден се одбележува во повеќе од 100 земји ширум планетата. Избран е токму 23 април, не само поради смртта на Шекспир и Сервантес на овој ден, туку и поради необичниот празник кој тогаш се прославува во шпанската покраина Каталонија. На денот на Свети Ѓорги, вљубените парови разменуваат книги и цвеќе. Според тамошните издавачи, половина од продадените книги…

повеќе...

Отслужена литургија во црквата Каменско по повод Источен Петок – Балаклија

Во Петокот од Светла седмица- Источен Петок – Балаклија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, денес беше отслужена света архиерерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати…

повеќе...

Источен Петок Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…

повеќе...

Отслужена света литургија во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео

По повод празникот Светли Четврток, во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео во Охрид, денес беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Светли четврток

Православните христијани денес го празнуваат Светли четврток. По тој повод архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот. Утре, Источен петок- Балаклија, архиерејска литургија ќе има во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 08:30 часот. На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. WebOhrid

повеќе...

Во Каменско ќе се служи света литургија по повод Источен петок – Балаклија

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. април 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“, (Едноцрквие). На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Ќе се служи архиерејска литургија за Светли Четврток

Од Дебарско кичевската епархија информираат дека утре, на 20ти април (четврток), на Светли Четврток ќе се служи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

повеќе...