Преподобен Антониј Велики

Денес е празник посветен на Преподобен Антониј Велики. Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде…

повеќе...

Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати…

повеќе...

Преподобен Гаврил Лесновски

Денес е празник посветен на Преподобен Гаврил Лесновски. Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што му изгради црква на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на крајот од 10 век.

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев за празникот Свети Сава

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита денешниот празник Свети Сава на припадници на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат. „Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам најискрени честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го чествувате и ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот. Богатството на традициите и на различностите ја прави Македонија посебна држава којашто има со што да се гордее во светот, бидејки во нашите граници е светот во мало. Ќе…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески до припадниците на српската заедница

Градоначалникот Никола Бакрачески, испрати честитка по повод 27. Јануари, Денот на српската заедница во Република Македонија и празникот Свети Сава. „На нашите сограѓани, припадниците на српската заедница, наискрено им го честитам Денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, кој се прославува секаде каде што живеат Срби.Посакувам празникот да го поминат во пријатна атмосфера со пораки за мир, среќа и благосостојба. Српската заедница во Охрид е нераскинлив дел од нашата заедница, во која сите се стремиме за соживот и меѓусебно почитување, со што даваме придонес во напорите за развој и просперитет…

повеќе...

Света Нина, просветителка на Грузија

Света Нина, просветителка на Грузија Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа…

повеќе...

Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил

Денес е празник посветен на Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил. Преподобен Теодосиј Велики Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него…

повеќе...

Свети Григориј, епископ Охридски

Денес е празник посветен на Свети Григориј, епископ Охридски. Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот.

повеќе...

Со одбележувањето на Денот на рибарите завршија Богојавленските празнувања

Денес на Сараиште со капење во осветените води на езерото, беше одбележан „Денот на рибарите“, со што се заокружуваат Богојавленските празнувања. За големиот народен собир традиционално, Локалната самоуправа за сите присутни подготви рибна чорба, греана ракија и вино, плашици и пача. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека и со оваа уникатна традиција Охрид станува препознатлив, а бројот на гостите што за Богојавление присустуваат во Охрид постојано расте. „Ова е ден кога граѓаните се ослободуваат од секојдневните стеги, кога можат да поразговараат во една релаксирина и весела атмосфера за нашите обичаи и…

повеќе...

Велестовци ја продолжуваат традицијата за Водици

Традиционално, на вториот ден од празникот Водици (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), новите кумови во Велестово ја продолжуваат празничната традиција. Тие носат чајници со топла ракија и ги служат сите присутни во црквата Св. Богородица-Велестово. Новите кумови се Разме Толе Димоски, Кристијан Дулески, Ацо Божиноски, Злате Мишоски, Климе Ризманоски, Дане Климоски, Крсте Башоски и други кои годинава ја разубавија со топла ракија и оро на средселото во Велестово. „Годинава како нови кумови организиравме и музика на средселото пред цркавта за да продолжи забавата од Божик со Спасен Силјаноски која…

повеќе...