Света архиерејска литургија за претстојниот празник

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (петок), ќе се служи света архиерејска литургија во црквата „Св. вмч. Георгиj“ – Охрид, по повод празникот „Св. вмч. Георгиј“ со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон

Денес е празник посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска…

повеќе...

Промовирано ДВД-изданието „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски

Во рамки на одбележувањето на 8 Декември-Денот на заштитникот на Охрид, Св.Климент Охридски, денеска напладне во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше промовирано ДВД изданието „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски. На промоцијата за ДВД изданието, во кое во аудио формат се поставени 80 получасовни документарни емисии, зборуваше Симон Илиевски, а паралела за неговите и аудио записите на неговиот татко направи Проф. Д-р. Драги Стефанија. -Новинар по професија, охридољубец по душа, врвен документарист и истражувач, Стојаноски во својот работен век, на минатото на Охрид, ќе му даде висок приоритет…

повеќе...

Започнува чествувањето на Денот на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид

Вечерва, по повод 8 Декември, Денот на градот Охрид- Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1.100 години од неговото упокојување, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ , со почеток во 19 часот и 30 минути, ќе се одржи Свечена академија. На академијата ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, ќе бидат доделени највисоките општински признанија, наградата и повелбата Свети Климент Охридски-Патронот на градот, а ќе се одржи и специјална културно-уметничка програма. Денеска во 12.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција…

повеќе...

Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј. Светата великомаченичка Екатерина Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и…

повеќе...

Вечерна богослужба и света архиерејска литургија за Св.Климент Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (среда), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод јубилејниот празник 1100 години од блаженото упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. 08 декември 2016 година (четврток), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува…

повеќе...

Денес е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Денес се слави празникот посветен на Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста. Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи…

повеќе...

Четврток (8ми декември) неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2016 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот “Св. Климент Охридски”.

повеќе...

Во Каменско литургија за празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти декевмри (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско – Охрид, ќе се служи света света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“. Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а со истата ќе чиноначалстввуа Неговото Високо Преосвештенство Mитрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.  Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Засадени садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото“

Министерот без ресор Џери Наумов во придружба на претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев, денес во паркот на Кејот засадија дрвца во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засадија ја својата иднина“. Дрвца засaдија и кандидадите за пратеници во ИЕ5, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Министерот без ресор Џери Наумов, потенцираше дека од огромно значење е засадувањето на нови садници, бидејќи зеленилото е важно за прочистување на воздухот и додаде дека ваквите акции треба да бидат се почести. Ваквите акции се само…

повеќе...