Охрид и Струга го одбележуваат Светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на здравствено-превентивното делување, а по повод одбележувањето на 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис, под мотото „ЕДУЦИРАЈ СЕ ЗА ХЕПАТИТИС-ДЕЈСТВУВАЈ СЕГА!“ Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Црвен крст Струга ќе реализираат бројни едукативни активности и настани со цел подигање на нивото на свеста кај населението за заштита од Хепатитис. Активностите ќе се реализираа во Охрид и Струга: – јавна промоција на Светскиот ден за борба против хепатитис и делење на едукативни материјали и совети за превенција, заштита и лечење од хепатитис од…

повеќе...

Светски ден на хепатитот 2016: Познавај го хепатитот–дејствувај веднаш

Познавај го хепатитот–дејствувај веднаш дали си под ризик? Секој би можел да се најде под ризик од хепатит – ризиците се следниве: небезбедни инјекции и медицински постапки, пренос од мајка на дете, мебезбеден секс, интравенозна употреба на дрога. Познавај го хепатитот- тестирај се – побарај лекување Клучни пораки: Светски ден на хепатитот – 28 јули 2016 година Познавај го хепатитот–дејствувај веднаш Вирусната инфекција со хепатит е нашироко распространета -со заразени околу 400 милиони луѓе ширум светот – што е над 10 пати повеќе од бројот на заразени со вирусот ХИВ.…

повеќе...

Светите маченици Кирик и Јулита

Денес е празник посветен на Светите маченици Кирик и Јулита. Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст. Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде својот син и се засолни од гневот…

повеќе...

Светиот Архангел Гавриил

Денес е празник посветен на Светиот Архангел Гавриил. Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради…

повеќе...

Вечерна богослужба за празникот Св.мч-ци Кирик и Јулита – Св.Богородица Болничка

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27ти јули (среда), во црквата „Света Богородица Болничка“ – Охрид, со почеток 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.мч-ци Кирик и Јулита“. 28. јули 2016 година (четврток), со почеток во 7:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба па света боженствена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Светата великомаченичка Ефимија

Светата великомаченичка Ефимија Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На…

повеќе...

Преподобниот маченик Никодим и Света Елена

Преподобниот маченик Никодим Родум од Елбасан. Беше женет и имаше деца. Намамен од Турците го прими исламот и насилно ги преведе своите деца во ислам, освен еден син којшто му побегна на Света Гора и се замонаши. Никодим отиде на Света Гора за да си го врати синот назад, но Света Гора на него изврши таков впечаток, што самиот се покаја, се врати во верата Христова и се замонаши. Три години го оплакуваше своето отстапништво, па најпосле реши да се врати во Албанија, да го окае својот грев таму каде…

повеќе...

Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос

Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Ерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна: „Тешко мене што не умрев пред ова…

повеќе...

Празникот Света Недела одбележан и во Долно Коњско

Христијанските верници денес го слават празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела. По тој повод во црквата Света Недела во охридското село Долно Коњско се служеше света литургија, на која чиноначалствуваше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. На литургијата присуствуваа верници од Коњско и околните места кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали, а се изгради со донациите на локалните жители, како…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат кон манастирот Света Недела во Оровник

Православните верници го одбележуваат празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела. Многубројни верници од целата држава, како и наши иселеници од синоќа масовно се упатуваат во манастирот Света Недела во селото Оровник, палат свеќи и се молеат за здравје и среќа. И оваа година прославата беше збогатена со музика, овој пат присутните ги забавуваа Екстра Бенд Плус и Сара Камчева. Повеќе за манастирот Света Недела во село Оровник Во местото викано „Капеш“, веднаш над селото Оровник, на патот кој води за „Тројанско поле“ и соседното село Лакочереј, се наоѓа месноста „Лекојта Вода“. На…

повеќе...