Празнична вечерна богослужба по повод Св.Еразмо

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14ти јуни (вторник), во манастирот Свети Еразмо – Охрид, со почеток во 19:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот посветен на „Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. 15 јуни 2016 година (среда), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

12 јуни – Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд

Насекаде во светот, милиони деца се секојдневно изложени на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Во оваа категорија спаѓаат сите форми на ропство, набавка или понуда на деца за проституција за производство со фотографија, продажба или трговија со деца и трговија со дрога. Воедно, овие деца се под постојана изложеност на ризична работа и се лишени од правото на соодветна грижа за нивното здравје, како и правото на соодветно образование. Едноставно кажано, тие се лишени од нивните основни слободи и права. Годинава, фокусот на Светскиот ден против злоупотреба на…

повеќе...

Преподобна Макрина

Преподобна Макрина Баба му на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието. Ученичка на Св. Григориј Неокесариски чудотворец. За време на гонењата на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот ѝ , Василиј, се криеја по шумите и пустините. Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа. Лишени од с ѐ освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години. По Божја Промисла кози се спуштаа од планините и им се подаваа да ги нахранат со млеко,…

повеќе...

Преподобен Исакиј Исповедник

Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење Исакиј, пустиник однекаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Но царот…

повеќе...

Спомен на Првиот Вселенски Собор

Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца. На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на акредитацијата

По повод Светскиот ден на акредитацијата – 9 Јуни, Институтот за акредитација на Република Македонија промовираше 33 нови акредитирани тела од најразлични области, лаборатории, инспекциски и сертификациски тела, а издаде и 30-ина нови реакредитации. Мотото на годинашното одбележување е акредитацијата како глобална алатка за поддршка на работата на јавниот сектор. Според министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, акредитацијата е гаранција за квалитетот на јавните институции, како од почетокот на креирањето на јавните политики, така и како контролен механизам дали јавните политики се успешно креирани. „Ако досега најчесто…

повеќе...

Вознесение Христово – Спасовден

Славниот и светол ден на Вознесението Христово, скоро во целиот православен свет е наречен Спасовден (празник на спасителот). Денот никогаш не го менува, секогаш се празнува во четврток, точно на четириесеттиот ден од Воскресението на Господ Исус Христос. Тоа е стар празник, востановен уште од времето на апостолите. Во првите векови на христијанството се празнувал заедно со празникот Светата Педесеттница, а од четвртиот век започнал да се празнува посебно. Спасителот на светот, Господ Исус Христос, секогаш со зборови и дела ги поткрепувал Неговите ученици во ширењето на вистината за Неговата…

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот Спасовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 9-ти јуни, четврток, во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во горно Лакочереј, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“. Литургијата е со почеток во 9:00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има во сите парохиски цркви. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец

Овој прекрасен светител се роди во Антиохија во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господ и од Неговите ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение…

повеќе...

Преподобниот маченик Михаил

Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Михаил. По смртта на своите родители овој Михаил го раздаде сиот свој имот на сиромасите, а самиот отиде на поклонение на светостите во Ерусалим. Потоа стапи во обителта на Свети Сава Осветен и таму се замонаши. Михаил беше млад и убав на лице, но од строгиот пост сув и блед. Во тоа време со Ерусалим владееја Арапите. Еден ден духовниот отец го испрати Михаил да отиде во градот за да го продаде ракоделието. На улица го сретна евнух на арапската царица и го…

повеќе...