Вториот Вселенски Собор

Вториот Вселенски Собор Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор беше свикан, во 381 година, во Цариград, за да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Којшто криво учеше тогашниот цариградски патријарх Македониј. Имено, овој духоборен патријарх учеше дека Светиот Дух е Божја твар, а не Божествена ипостас рамна на ипостасите на Отецот и Синот и со нив еднобитна. Македониј беше осуден од Соборот, а Никејскиот Симбол на Верата дополнет со учењето за Светиот Дух.

повеќе...

Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Денес е празник посветен на Светиот цар Константин и Светата царица Елена. Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди,…

повеќе...

Светиот маченик Талалеј

Денес е празник посветен на Светиот маченик Талалеј. Родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповеда својата вера во Господ Христос пред мачителот, овој им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот…

повеќе...

Свети Ахил, епископ Лариски

Свети Ахил, епископ Лариски Овој голем јерарх и чудотворец беше роден во Кападокија. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, на којшто ги посрами еретиците како со својата ученост така и со светоста, предизвикувајќи голем восхит. Зеде Свети Ахил еден камен и им викна на ариевците: „Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј?“ Еретиците молчеа и се чудеа на таквата покана од светителот. Тогаш Свети Ахил повторно рече: „А ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме ние, нека потече елеј…

повеќе...

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Денес е празник посветен на Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски. Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Живеејќи во покаен…

повеќе...

Охрид е безбедно место и сите туристи треба без размислување да го посетат

Охрид е безбедно место за сите туристи а политичките лидери во земјава итно да ја разрешат политичката криза во Македонија која има влијание врз туризмот, порачаа од Охрид градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија, Вилем Воутер Пломп кој е во еднодневна посета на нашиот град. „Се надеваме дека бројот на холандски туристи ќе го прати растечкиот тренд кој што го имаме изминативе години и од година во година ќе биде се поголем и поголем и тоа е јасна порака не само до граѓаните на Холандија…

повеќе...

Светиот маченик Александар

Словенин. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа Александар беше луто мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов…

повеќе...

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски по повод Денот на светите браќа Кирил и Mетодиј

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски им го честита на граѓаните на Македонија големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура. „Почитувани сограѓани, Ми претставува особено задоволство во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 24 мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На овој голем празник нашата држава и сите ние се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како неизмерно значајни личности од нашата историја и нашето културно, етничко и духовно…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев за Денот на сесловенските просветители

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз им го честита на граѓаните на Македонија големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура. „Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Благодарни сме што го поставија темелот на писменоста, како наше основно културно и национално обележје. Придобивките коишто ги жнееме денеска, почитувајки го јазикот, писмото и културата, се огромен влог со којшто нè задолжија сите нас. Преку својата благородна…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. „Почитувани сограѓани, Дозволете ми да Ви го честитам државниот празник, 24 Мај, денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Одбележувајќи го големиот празник 24 мај, ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука – глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право…

повеќе...