Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на Светите Кирил и Методиј

По повод одбележувањето на 24.Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Никола Бакрачески, упати празнична честитка. -Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј кое нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј , веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет,…

повеќе...

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на Влашката заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Ја користам оваа свечена пригода да ви упатам искрени честитки по повод прославувањето на 23 Мај – Националниот ден на Власите. Во годината кога треба да прославуваме четврт век од независноста на Република Македонија, нашата заедничка татковина минува низ сериозни предизвици. Но, има едно нешто што ни дава храброст и истрајност на нашиот пат, а тоа е македонската традиција на соживот, почитување…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитки до сите припадници на влашката етничка заедница во Охрид и Република Македонија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. „Ми причинува задоволство да истакнам дека со одбележувањето на овој празник се уважува големиот, културен и општествен придонес на влашката заедница. Нивната култура, традиции и обичаи си имаат свој дел, своја улога и своја историја инкорпорирани со историјата и културата на Охрид и Република Македонија. Вредностите кои ги негуваат Власите претставуваат значаен дел во севкупните заложби за зачувување на вредностите на нашето…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така…

повеќе...

Здруженијата на Власите од Охрид и Струга ќе го одбележат Националниот Ден на Власите

Здруженијата на Власите од Охрид и Струга оваа година заеднички ќе го одбележат 23 мај – Националниот ден на Власите. 23 Мај е денот кога кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пати ги признал Власите како посебен народ, со право да се образуваат на својот мајчин јазик, да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, да имаат свои инспектори по училиштата. Влашката заедница, кај нас е присутна со векови, и е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ. Власите во Македонија,…

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Јован и Света Емилија

Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелист Јован и Света Емилија. Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото…

повеќе...

Во Охрид одбележан Денот на пожарникарите

Охридските пожарникари со бројни активности го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија. Најпрво пожарникарите продефилираа со противпожарните возила по улиците во Охрид, потоа следуваше презентација на противпожарната опрема во дворот на Пожарната, каде што граѓаните имаа можност да видат со какви возила располага противпожарната едниница во Охрид. Активностите продолжија со Крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар Охрид.

повеќе...

Македонија во чест на „Св.Кирил“ во Рим

И годинава, по 48. пат, Република Македонија ќе го чествува Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. По тој повод, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“, во Понтификалниот универзитет „Урбанијана“ на 23 мај во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“ на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Со изложбата, која е во духот на големиот празник, Република Македонија го одбележува и значајниот јубилеј 1100 години од упокојувањето на светителот Климент. Во рамките…

повеќе...

Викендов започнуваат чествувањата за сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Во недела, 22 мај, започнуваат свеченостите во чест на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Со годинашната програма предвидени се повеќе содржини, со кои достојно ќе се одбележи овој значаен датум од македонската историја и култура. Целата програма за престојниот празник можете да ја погледнете… http://www.ohrid.gov.mk/pdf/Programa%2024%20maj%202016.pdf

повеќе...