Св. Атанасиј Велики – Танасовден (летен)

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен. Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес…

повеќе...

Одбележан Денот на мајката

  Вчера, 13 Мај во организација на Женскиот Центар „Бисера“, во просториите на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид со пригодна манифестација се одбележа Денот на мајката. На настанот учествуваа градинките и сите училишта од Охрид кои настапија со свои точки. По повод објавениот конкурс на тема „Мајка“ жири-комисијата составена од наставници, претставници од градинките и училиштата ги избраа најдобрите творби, а на наградените ученици им се доделија награди спонзорирани од Општина Охрид.

повеќе...

Светиот пророк Еремија

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогребано.…

повеќе...

Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков е син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него почнаа да…

повеќе...

Во недела литургија по повод празникот „Пренос на моштите на св.Атанасиј Велики“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15ти мај (недела), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки родум е од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на прием кај евроамбасадорот Аиво Орав

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера во Скопје беше на прием што го организира Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, а по повод празнувањата посветени на 9 мај – денот на Европа. Роденденот на Европската унија – 9 мај годинава во Македонија се одбележа со серија активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани во насока на нивно запознавање за приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата. Македонија е земја кандидат од 2005 година и се уште го очекува датумот за отпочнување…

повеќе...

Заврши проектот „Птиците и човекот“ кој се реализира во основните училишта во Охрид и Дебрца

Денес, по повод Светскиот ден на птиците преселници, симболично заврши проектот „Птиците и човекот” кој што со поддршка на Македонското еколошко друштво, Извидничкиот одред „Пионер“ го реализираше во изминатите 60-тина дена. Во проектот беа вклучени вкупно дванаесет основни училишта од кои десет во Општина Охрид и две во општина Дебрца. Учениците од второ и трето одделение се запознаа со феноменот на птиците преселници како и нивното значење за зачувување на животната средина. „Непосредното излагање на извидниците кај учениците побуди отворена комуникација каде што им беа аудио и визуелно претставени птиците преселници застапени…

повеќе...

Светиот апостол Симеон

Светиот апостол Симеон е еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град…

повеќе...

Во Дебрца одбележани 71 година од победата над фашизмот и Денот на Европа

Со пригодна свеченост денес во организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, придружени од Здруженијата на Ветерани и ТИТОИСТИ од Охрид како и од општина Дебрца и од ОО на СДСМ-Дебрца, денес на достоинствен начин оддадоа почит, со полагање свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци Кременатец во месноста Раштани с.Белчишта и на споменикот на паднатите борци пред општинската зграда во с.Белчишта и бистата на Трајче Дојчиноски.  Ученици од ОУ Дебрца с.Белчишта приредија рецитал со борбена тематика во чест на паднатите борци од…

повеќе...