Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот со апел да се почитуваат сообраќајните правила

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во пресрет на Велигденските и првомајски празници, од  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид веќе бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот појас,…

повеќе...

Отслужени Царските часови во Каменско по повод Велики петок

Во Великиот и свет Петок, утрово во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беа отслужени Царските часови, заедно со Вечерна богослужба, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба, според црковниот типик, се изнесе и светата плаштаница, со која се симболизира положувањето на Спасителот Христос во гробот.

повеќе...

Царски часови со вечерна богосложба за Велики Петок

По повод Велики Петок  ќе се одржат Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.Богородица“- Каменско. Вечерта, со почеток во 19:00 часот ќе има „Оплакување и опело на Христа“. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид.

повеќе...

Велики Четврток

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана. Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во…

повеќе...

Литургија и читање на 12 страсни Евангелија за Велики четврток

Утре, 28ми април по повод Велики четврток ќе се служи утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 7 часот. Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. Во 18:30 часот ќе има Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви.

повеќе...

Велика Среда

На Велика Среда, Црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница. Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на…

повеќе...

Литургија и мало повечерие со канон по повод Велика среда

Утре, 27ми април на Велика среда, со почеток во 7:00 часот ќе се одржат Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. Во 17:00 часот ќе има мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

повеќе...

Велики Вторник

На Велики Вторник се споменува Господовото изобличување на книжниците и фарисеите, Неговите беседи и параболи изречени во Ерусалимскиот Храм, за данокот на кесарот, воскресението на мртвите, за Страшниот Суд, десетте девојки и талантите, Божественото достоинство на Месијата како и за најголемата заповед на Законот. На Утрената на овој ден се чита дел од Евангелието според Матеј, каде Господ не еднаш, ами седум пати ги разобличува книжниците и фарисеите, велејќи им „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери“. Истовремено, Тој ги разобличува и садукеите (кои не верувале во воскресeнието) и закониците. Ова…

повеќе...

1 мај – Денот на трудот и 2 мај – втор ден Велигден, неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2016 година (недела), Денот на трудот, односно 2 мај 2016 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), и 2 мај 2016 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани…

повеќе...

Литургија и бдение по повод Велики вторник

Утре на Велики вторник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Во 17:00 часот ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско.

повеќе...