Министерот Тодоров потпиша заеднички Меморандум со Флоренс Најтингел од Турција

Министерот за здравство, Никола Тодоров, потпиша заеднички меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството со д-р Хакан Таракчиоглу, интернационален маркет менаџер на реномираната турска клиничка болница Флоренс Најтингел. Целта е допрецизирање на активностите за организирање едукација на докторите и другите здравствени работници во оваа реномирана здравствена установа, што се реализира во рамки на Програмата за професионална едукација на докторите од Република Македонија. Со овој Меморандурандум се дефинира континуираната медицинска едукација во следните 5 години, со акцент на доедукација на кадар и организирање стручни обуки за доктори и останат…

повеќе...

Македонски лекари ќе учат традиционална кинеска медицина во Пекинг

Во рамките на посетата на Народна Република Кина, претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски денес во Пекинг ја посети Кинеската централна болница „Гуанганмен“. Целта на посетата е да се разгледа можноста и да се обезбеди согласност од  страна на медицинскиот центар за обука на наши лекари во оваа респектабилна болница. Обуката ќе се одвива во повеќе специфични медицински сфери каде постои заеднички интерес. Беше постигната начелна согласност за размена како и обука на македонските лекари во Пекинг, која по прецизирањето на деталите би требало да започне кон…

повеќе...

Правото на дијализа во странство на товар на фондот

Фондот за здравствено осигурување на Македонија им излезе во пресрет на осигурените лица со бубрежни заболувања и во својата правна регулатива го воведе правото на дијализа во странство на товар на фондот, беше истакнато на заедничка прес конференција на ФЗОМ и на здружението на граѓани на бубрежно болни НЕФРОН. Хроничната бубрежна инсуфициенција е заболување од посебен интерес за Република Македонија за кое е неопходно потребен континуиран хемодијализен третман. Осигурените лица кои привремено престојуваат во странство, на товар на Фондот еднаш во годината и тоа не подолго од 30 дена, можат да користат дијализа во странска здравствена…

повеќе...

Тим детски кардиохирурзи повторно ќе престојуваат во Македонија

Од почетокот на идната недела во Македонија, по вторпат годинава ќе престојува тим кардиохирурзи предводени од професорите Вилјам Новик и Али Доџ Катали кои ќе направат нова серија кардиохируршки операции на деца со срцеви проблеми кои се лекуваат на Клиниката за детски болести на одделот за кардиологија. Во тимот од дваесетина странски експерти ќе бидат вклучени  познатиот кардиолог Томас Дисеса, анестезиологот Вишња Иванчан, интензивистот Џенифер Тули и уште десетина познати лекари. На списокот за операција се десетина деца со комплексни вродени срцеви маани. Операциите ќе бидат изведени на Клиниката за…

повеќе...

Се уредува начинот на облекување и однесување на здравствените работници

Министерството за здравство ќе го уредува начинот на облекување и однесување на медицинскиот персонал во јавните здравствени установи (ЈЗУ) во земјава за да се среди прецепцијата на несреденост во  работењето. Тоа го предвидува Протоколот за начинот на вршење на здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект – Хоспитална култура, што денеска беше промовиран. Со протоколот, кој е обврзувачки за сите вработени во ЈЗУ, се пропишува севкупниот однос на здравствените работници и функционирањето внатре во здравствената установа, а неговата цел е подигнување на  нивото на услужливост и подобрување на односот…

повеќе...

Заокружена првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од САД

Министерството за здравство ја заокружи  првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од Соединетите Американски Држави во нашите јавни здравствени установи. Во изминатите три месеци во нашите установи претстојуваа 12 специјалисти од повеќе области,  интерна медицина, кардиологија и електрофизиологија, неонотологија, ургентна педијатрија, онколошка хирургија, оториноларингологија, гинекологија и акушерство, радиологија, семејна медицина, како и експерти во управување со здравствените установи. „Најмалку 300 специјалисти на терцијално и секундарно ниво имаат директен бенефит од размената на знаења и искуства кој што го овозможи овој проект. Оваа бројка дирекно ќе влијае на…

повеќе...

Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори

Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на ЈЗУ. Како што соопшти Министерството, станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во државата кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци кои секојдневно со својот ангажман посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и…

повеќе...

Намален бројот на доктори на науки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, звањето доктор на науки го стекнале 146 лица што претставува намалување за 25.9% во споредба со 2011 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 54.1%; медицинските науки, 18.5%; потоа следат техничко – технолошките со 13.0%, а останатите лица докторирале во областа на природно – математичките, хуманистичките науки и биотехничките науки.  Учеството на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2012 година изнесува 71 кандидат што претставува 48.6% од вкупниот број лица кои докторирале во 2012 година. Од вкупниот…

повеќе...

Бакрачески: Без разлика на оваа политичка кампања, останувам посветен на професијата

„Се наоѓаме на местото каде што на директен и непосреден начин во текот на изминатите 6 и пол години откако е отворен одделот за интервентна кардиологија беа спасени животите на илјадници, илјадници граѓани не само од Охрид, Струга, Кичево, Битола, Ресен, Дебар, туку и на граѓаните на поширокиот регион на целатата република и од граѓаните на соседните градови на Албанија“. – изјави кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“ д-р Никола Бакрачески во Заводот за Кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Бакрачески упати јасна и недвосмислена порака до сите негови пациенти,…

повеќе...