Нов бран на врнежи од утре, препораки од координативното тело

Кооринативното тело известува (според информаците од УХМР) дека нов бран врнежи се очекува утре во вечерните часови и во петок попладне после 14 часот. Имено поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер. Координативното тело исто така информира дека поради големото количество надојдена вода на река Црна поради рушење на 9-от канал и насипите, а со цел да не се поплави населеното место Новаци, денеска ќе се пресече Регионалниот пат 1311, делница…

повеќе...

Донирајте за граѓаните во поплавените подрачја

Црвениот крст на РМ согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја продолжи со дејствување за обезбедување на помош на настараданото население. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење. Согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција). – Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст…

повеќе...

Екипите на „Јавна хигиена“ на терен го чистат кејот и чаршијата

Обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион изминатите два дена предизвикаа големи количини отпад од околните реки да се влеат во водите од Охридско Езеро. На градскиот кеј, езерскиот бран исфрли отпад: пластична, картонска, најлонска амбалажа и друг вид отпад. Јавна хигиена е ангажирана од раните утрински часови со сите расположиви ресурси и директно од езерските води се собира отпадот, а кејот се мети. Другата оперативна група е задолжена за отстранување на остатоците од снег по градската чаршија.

повеќе...

Во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница

Денеска се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состoјбата во кризните пордачја по вчерашните врнежи. Поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени сите наслени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип. Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите…

повеќе...

Координативното тело ја разгледа состојбата на терен како и најавите за нови обилни врнежи

Во Министерството за транспорт и врски се одржа состанок на Координативното тело за справување со кризи, при што се разгледа фактичката состојба на терен, како и најавите за нови обилни врнежи што не очекуваат во текот на викендов. Според информациите од УХМР, во текот на попладневните часови и преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка. Исто така ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер кој на места ќе достигнува…

повеќе...

Се очекува нов ударен влажен бран со поројни дождови и грмотевици

Денеска Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата за најавите за обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. Според информациите од УХМР, новиот бран на врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во…

повеќе...

Координативното тело ја разгледа состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на времето

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…

повеќе...

Нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија

Синоќа, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…

повеќе...

Координативно тело: Градоначалниците да бидат подготвени за новиот бран врнежи

Во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состојбата во поплавeните подрачја. Според информациите од УХМР, за утре повторно се најавени врнежи од дожд со што се подига нивото на алармантност, посебно во југоисточните делови на земјата. Се очекува врнежите од дожд да бидат со помал интензитет и тоа до 15 L / m2. Од Координативното тело препорачуваат сите градоначалници да бидат подготвени за новиот бран врнежи и да ги преземат потребните мерки. Се апелира до сите градоначалници да ги стават на…

повеќе...