Поднесена кривична пријава против лице од Охрид поради користење и продажба на Хероин

Поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „Овозможување употреба на наркотични дроги“ секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето С.Д. (23) од Охрид поднесе кривична пријава. Истражен судија при основниот суд во Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. Пријавениот С.Д. на 13-ти овој месец, во својот дом им овозможил злоупотреба и користење на опојна дрога Хероин на лицата П.С. (26) од Охрид и  и Б.К. (31) од Србија…

повеќе...

При претрес на поштенска пратка од Аргентина во две туби за креми откриени 300 милилитри течен кокаин

Како резултат на постоење на оперативни податоци за транспорт со наркотична дрога кокаин како и размена на информации со американската службата за борба против дрога DEA, Одделот за НТ со дрога при ЦСОСК при МВР на РМ вчера (15.02.) пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин на релација од Јужна Америка во Република Македонија. Имено, вчера по добиени оперативни сознанија дека е пристигната поштенска пратка (пакет) во ЕМС Пошта 2, Скопје во Скопје, во која има наркотична дрога кокаин, по издадена Наредба од Истражен судија од Основен суд Скопје 1,…

повеќе...

Утрово спречени два нови обиди за шверц на дрога

Царинските службеници од граничниот премин Богородица, во координирана акција со одделението за оперативи работи при Царинска управа и МВР, утрово (10.2.2013) спречија обид за криумчарење на околу 5,2 кг наркотичка дрога -хероин. Во еден час по полноќ, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица царинските службеници селектирале за детален преглед автомобил Голф-5 со македонски регистерски таблички, управувано од лицето И.С. македонски државјанин, кој патувал на релација Истанбул-Скопје. При преглед на возилото, во специјални изработени прегради (бункери) од внатрешната страна на четирите бандажи од возилото, како и во кеса…

повеќе...