Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на Египќаните

По повод Денот на Балканските Египќани , градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка со искрени желби за соживот и мирољубива коегзистенција во сегашноста и иднината на локалната заедница. „Почитувањето на различностите и надминувањето на етничките и културолошките препреки се основен предуслов за здраво мултиетничко општество. Соживотот низ вековите покажал и покажува дека само со меѓусебно разбирање се градат темелите на доверба и меѓусебно почитување како универзални вредности. Уверен сум дека овие пораки до Еѓипќаните ќе бидат прифатени во духот на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција“. – стои во честитката на градоначалникот Бакрачески…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод Меѓународниот ден на Египќаните

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка по повод 24ти јуни Меѓународниот ден на Египќаните. Во неа се вели: „Дозволете да го честитаме денот 24ти јуни, кој преставува Меѓународен ден на Египќаните. Имено покрај честитката сакаме да го изразиме и нашето задоволство од целосната соработка што ВМРО ДПМНЕ ја има со Египќаните и на државно и на локално ниво во Република Македонија со констатација дека токму таквата соработка е пример за меѓусебно доследно почитување. Истрајноста која ја покажуваат Египќаните треба да биде водилка кон стремежот за било какво достигнување. Затоа ние…

повеќе...

НВО Коалицијата на Египќаните и Тамаро маркетите со хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани

На денот на прославата на Св.Кирил и Методиј – 24ти мај, НВО Коалицијата на Египќаните спроведе хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани, кои се фактор на социјален ризик и истите се на маргините на општеството. Оваа хуманитарна акција е реализирана благодарение на донацијата на Тамаро – маркетите, за што се истакнува и голема благодарност. Целта на ова хуманитарна акција, беше да се ублажат проблемите со кои се соочуваат овие грагани, да се слушне нивниот глас како и тоа дека трајното решение се гледа во надлежните институции. „Ние и понатаму…

повеќе...

Египќаните во Охрид не даваат поддршка на ниту една политичка опција

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Здружението на Египќани „Пирамида“, синоќа се одржа собир на кој присуствуваа голем број граѓани. Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Колеги, соработници, комшии, пријатели, другари, драги египќани, вечерва сум исклучително почестен, што ми пружавте можност да се обратам на овој прекрасен настан, за што од се срце ви благодарам, пред се на здружението на египќани „Пирамида” од Охрид и секако на неговиот претседател Арбен Демироски Бено. Кој се гледа дека вложил голем напор за овој настан вечерва да изгледа…

повеќе...

Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески

Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески Големо е задоволството, лично и колективно, на плејада генерации -Египќани, кои се посветиле на афирмација на „Египканското прашање“ да бидат спомнати во говорот на еден модерен и проевропски политичар, олицетворен во ликот и делото на Д-р Никола Бакрачески, кој на меѓународна конференција „Единство во различноста“, што се одржа во градот Фиренца-Италија ги истакна припадниците на етничката заедница Египќани, како посебен, автентичен и автохтон етникум. Тоа, дефинитивно преставува афирмација на мојот народ, во светски рамки, и не беа залудни нашите надежи,  кои ги поклонавме на…

повеќе...

Колумна: Мнозински изборен модел со загарантирани пратенички мандати за малцинствата и дијаспората

Секој изборен модел, без загарантирани пратенички мандати за ранливите етнички заедници, како што се Египќаните, Црногорците, Хрватите, Бугарите во Р.Македонија, како и зачувување на 3 -те пратенички мандати за Дијаспората, всушност се изборни модели, кои не коренспондираат со демократските вредности и начела, како и со намерите да имаме едно стабилно, отворено, и демократско, мултиетничко,мултиконфесионално и мултикултурно општество. Од формално-правен аспект, нема никакви препреки, бројот на пратениците во Законодавниот дом да биде 127 или 130, бидејки тој број не е фиксно утврден и се движи од 120-140 пратеници. Со еден ваков…

повеќе...

Колумна: Загарантирано пратеничко место за Египќаните или бојкот на изборите – Време е, доста беше!

Драги мои, ако го имаме во предвид ноторниот факт, дека во Р.Македонија има околу 30.000 Египќани, како докажано лојален, автохтон, автентичен етникум, како даночни обврзници во својата татковина Р.Македонија, ако се земаат во предвид и ноторните факти, како и една објективна стварност, дека над 7000 етнички Египќани од Р.Македонија се на привремен престој, живеат и работат во Западна Европа, Соединетите Американски држави, Австралија, кои на директен или индиректен начин, финансиски помагајки ги нивните блиски во родната татковина Р.Македонија, и на тој начин, придонесувајки кон развојот на Македонската економија, сосема е…

повеќе...

НВО Коалиција на Египќаните – Нема да дозволиме „Авантуристи во политиката“, да манипулираат со Египќаните во РМ

Со оглед на последните политички збиднувања во Република Македонија, немаме морално право, да останеме „пасивни“ во услови кога се дефинираат идните насоки во политичкиот еквилибрум и процеси, кои треба да гипратиме во чекор. Оваа, состојба е мошне сериозна, која бара особена фокусираност, мудрост, знаење, умешност, бидејки ја дефинираат патеката на просперитет на етничките заедници, мегу кои и на египќанската етничка заедница, како автохтона, автентична и лојална. Би било, премногу несериозно, некорекно и надвор од здравиот разум, овие комлексни политички процеси, да му ги доверите на „АВАНТУРИСТИ ВО ПОЛИТИКАТА“ да ги…

повеќе...

Колумна по повод 24ти јуни – Денот на балканските Египќани

Драги мои, секое човечко битие, има право на слобода, срека, избор, мир,слободно изјаснување на националната припадност, самоопределување и цела лепеза на права и слободи, кои се Уставно загарантирани, во секоја демократска, цивилизирана и држава која ги практикува овие придобивки, за кои, паѓало многу крв и многу човечки судбини и жртви. Денес, Египканите во Р.Македонија, за жал, формално правно, не им е согласно Законот за Празници на Р.Македонија, загарантиран ден, посветен на ова , автохона, автентична етничка заедница во Р.Македонија, за чија лојалност, државотворност,конструктивност, не се ни осудувам дакоментирам. Докажани лојалисти,…

повеќе...

Охридските Египќани повикаа на смиреност и воздржаност, нема да бидат на страната на насилството

Охридските Египќани, кои како мирољубиви, лојални и конструктивни граѓани, кои ги преферираат демократските вредности како слободата и мирот, по повод, денешните непосакувани настани, кое се случија во Куманово, апелираат на крајна воздржаност, не подлегнување на провокации, смиреност и толеранција. „Охрид, како мултиетнички и мултикултурен град, отсекогаш ја краселе, меѓуетничката хармонизираност, добрите меѓуетнички односи како и меѓучовечки односи. Во вакви, не посакувани околности, Египќаните го одбираат патот на мирот и традиционалниот соживот, кој го карактеризира овој град и нема да бидат на страната на агресијата и насилството. Повикуваме, на разумност, конструктивност…

повеќе...