Елшанци се единствените во Македонија кои, не синоќа на 5 јануари, туку вечерва, токму на Бадник спроти Раѓањето Христово, го палат коледарскиот оган, а утре најрано – од темни зори- тргнуваат стотина елшански коледарчиња со коледарска песна по сите елшански домови. Kоледаааа, Коледаааааааа! Коледа, баба, Коледа, месила баба два леба, едниот киснат, прекиснат, другиот печен, препечен: СУРВА ГОДИНАААААААА!!! WebOhrid
повеќе...Tag: елшани
Елшани со нов „градоначалник“ и со стари и нови приоритети
Селото Елшани е едно од најубавите крајезерски села и село кое може да се пофали со ретки убавини кои се цел на многу странски туристи и на многу тур-оператори кои ова прекрасно село меѓу Езерото и Галичица го имаат веќе врежано во светските туристички мапи, особено во последниве години. Но, Елшани е село кое мака мачи со повеќе свои крупни и недокрај решени проблеми кои се од витално значење за елшанци. Станува збор за застарената водоводна и безбедносно загрозен резервоар од селскиот водовод за кои е потребна итна санација и…
повеќе...Eлшанци избраа нов Совет на Месна Заедница
Синоќа, пред 55 присутни полнолетни жители на село Елшани, во просториите на ОУ „Свети Наум Охридски“ во Елшани се одржа изборно собрание од кое се предложија и утврдија новите членови на Советот на месна Заедница Елшани. Најпрвин се избра работно тело во кое беа предложени именувани: претседавач, записничар и лице кое ги броеше гласовите од присутните. Новоизбраниот претседавач, проф. Димче Донески ја отвори изборната седница по упатствата на претставниците од Локалната самоуправа кои го надгледуваа гласањето и изборот на новите членови на Советот на МЗ Елшани. На предлог на претседавачот…
повеќе...