Министерството за финансии исплати 209 милиони денари на 4.980 сточари за одгледување овци, говеда, пчели и маторици. Како што соопшти Министерството, на 616 сточари денеска им се исплатени 98 милиони денари за одгледување овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне. Во соопштението се додава дека на 2.589 сточари им се исплатени 52 милиони денари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло. Вчера за одгледување пчели на 1.349 одгледувачи…
повеќе...Tag: финансии
Најавени законски измени за можностите за инвестирање на пензиските друштва
Зголемување на обемот на инвестиции и дозволени инструменти за инвестирање на пензиските фондови, зголемување на можностите за инвестирање во земјите со брзорастечки економии и воведување мулти фондови имаат, меѓу другото, за цел законските и подзаконските измени што ги подготвува Министерството за труд и социјална политика за да се овозможи поголем обем на средства на индивидуалните сметки на членовите, повисок принос од средствата и поголем избор при инвестирањето. Измените се резултат на анализата што ја направило МТСП во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), други надлежни…
повеќе...Ставрески: Нови 100 милиони евра за стопанството од ЕИБ
Нови 100 милиони евра кредит со каматна стапка од 5,5 проценти планира да обезбеди Владата за поддршка на стопанството. Како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Европската инвестициска банка (ЕИБ) е веќе контактирана и има добри шанси да го одобри заемот. Средствата, напомена Ставрески, ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија. Министерот на бизнисмените од Куманово, со кои се сретна претпладнево, им порача поактивно да ја користат евтината кредитна линија од Европската банка со камата од 5,5 проценти. „Засега 50 милиони евра од 100-те милиони…
повеќе...Адвокатите ќе се фискализираат, најави Ставрески
Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и на адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги. „Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на оданочување на услугите на адвокатите во делот на готовинските трансакции преку фискални апарати, а во делот на плаќањето преку жиро-сметка тоа ќе се биде вообичаено“, информираше денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за…
повеќе...Ставрески: Растот на индустриското производство ќе ја повлече економијата и БДП
Порастот на индустриското производство во февруари од 4,5 проценти во однос на истиот месец минатата година е показател дека започнува тренд на раст на индустриското производство во Македонија, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по посетата на металуршкиот комбинат „Југохром фероалојс“ во Јегуновце. „Охрабрен сум од добрите резултати на „Јухогром“ во почетокот на годинава и сметам дека комбинатот во последните неколку месеци работи добро. Вклучени се сите печки, илјада луѓе се на работа што е најмногу во последните 10-ина години. „Југохром“ е составен дел на индексот на растот…
повеќе...Исплатени 1,41 милијарди денари субвенции за тутунарите
Министерството за финансии денеска исплати 1.413.488.426 денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци. Со ова, како што рече денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, почна реализацијата на мерката предвидена со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, чиј краен рок е јуни 2014 година. „Владата продолжува со силна поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки, посебно тутунарството“, истакна Ставрески. Законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите беше 15 март од што произлегува дека исплатата почна…
повеќе...Во завршна фаза договорот за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“
Договорот за приклучувањето на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ е во завршна фаза. Направено е последното усогласување на договорот и се очекува наскоро руската страна да го ратификува, а потоа и македонската Влада. Ова го најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по промоцијата на проектот за изградба на нов објект на ОУ „Глигор Прличев“ во населбата Железара. „Имавме посета во Москва при што беше извршено детално усогласување на договорот со „Газпром“. Од руска страна очекуваме сега да се ратификува, а потоа и од наша страна, така што…
повеќе...Исплатени 455,3 милиони денари субвенции за сточарите
Министерството за финансии денеска исплати 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарството. Исплатени се средства за одгледувачите на говеда и овци, а вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека од следната недела ќе почне исплатата и за лозарите. „Владата редовно ги исплаќа субвенциите, онака како што е предвидено и како што е сезонската динамика за исплата на субвенциите. Буџетот е во сосема добра кондиција и ги вршиме плаќањата. Во овој период од годината исплаќаме субвенции за млекарите, што е завршено. Вчера и денеска е во тек исплатата за…
повеќе...Нови владини мерки за поддршка на ликвидноста на стопанството
Отпис на долгови по однос на обврски од пензиско и од здравствно осигурување заради поддршка на ликвидноста во стопанството и надминување на последиците од светската економска криза, е целта на новите мерки што ги донесе Владата. „Со мерките што се предлагаат ќе им излеземе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми кои се однесуваат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување“, соопшти на вчерашната прес конференција вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Со два нови предлог закони, едниот за пензиско и другиот за здравствено осигурување,…
повеќе...