Согласно деталната анализа за тековната состојба за првото полугодие за 2014 година, споредено со истиот период од минатата година, ЈП „Охридски Комуналец“, бележи позитивно работење, кое согласно одлуките кои ги носи менаџментот, води кон одржливи резултати на подолг период. Во овој период, после повеќе години, изнајдено е решение за кредитното задолжување на препријатието, со редовна отплата на ануитетите по амортизационен план. Редовно се подмируваат обврските кон добавувачите, како по основ на тековни обврски, така и по основ на извршни судски решенија кои произлегуваат од претходниот период за неисплатени долгови по…
повеќе...Tag: финансии
Република Македонија ја издаде третата еврообврзница
Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денес издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години, односно јули 2021 година. Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал.
повеќе...Од понeделник разговори за потенцијално издавање еврообврзница
Претставници од Министерството за финансии и Народна банка на РМ од понеделник ќе имаат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање еврообврзница од страна на Република Македонија. Како што информираат од Министерството за финансии, рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд-шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес за запишување на обврзницата. „Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на доспеаните…
повеќе...Ставрески: Отписот на долговите ќе заврши до октомври
Владината мерка за еднократен отпис на долговите на најранливите категории граѓани ќе заврши на почетокот на октомври. Ова го најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески образложувајќи го законското решение пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија. Првичните проценки се дека со ова решение ќе бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, меѓутоа, како што рече министерот Ставрески, конечните податоци за вкупниот број граѓани и износот кој ќе биде отпишан ќе зависи од тоа колку граѓани ќе се пријават и колку ќе…
повеќе...Министерството за финансии исплати 93,5 милиони денари за пчеларите
Министерството за финансии исплати 93,5 милиони денари субвенции за презимено пчелно семејство на 2.632 пчелари. Финансиската поддршка за презимено пчелно семејство изнесува 600 денари по пчелно семејство. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат пчели низ цела територија на Република Македонија. Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.
повеќе...Министерството за финансии исплати 124,8 милиони денари за житни и индустриски култури
Министерството за финансии денеска исплати 124,8 милиони денари за субвенции за производство на полјоделски култури. Станува збор за 4.889 земјоделци кои одгледуваат житни и индустриски култури. Висината на мерката изнесува 9.000 денари по хектар обработена површина. Со истекот на забраната за исплата на субвенции заклучно формирање нова влада согласно Изборниот законик, Министерството за финансии продолжува со исплата на субвенциите. Наша цел е брза и уредна исплата на субвенциите на земјоделците како поддршка на една од носечките гранки на стопанството-земјоделието.
повеќе...Во ОУ „Дебрца“ утре свечено ќе се отвори уметничката колонија
Утре 20 јуни(петок) во село Белчишта, во просториите на ОУ„Дебрца“, со почеток во 13 часот свечено ќе се отвори Уметничката колонија. На настанот ќе присуствуваат Министерот за Финансии Зоран Ставрески и Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
повеќе...Познати програмите и проектите што финансиски ќе ги поддржи Општина Охрид
По предлог на Комисијата за разгледување на пристигнатите апликации по Јавниот повик за поднесување програми и проекти за реализација во 2014 година од општина Охрид, со Решение бр.08-5339/1 од 03.06.2014 година на градоначалникот Никола Бакрачески доделени се финансиски средства за следните апликанти: Табеларен приказ (pdf)… Воедно, од локалната самоуправа информираат дека во текот на идната недела, апликантите ќе бидат известени за денот на потпишување на договорите, за секој апликант поединечно. За подетални информации може да се обратите на тел. 070 276 549 во Секторот за образование, детска, здравствена и социјална…
повеќе...Министерството за финансии враќа 6,95 милијарди денари во стопанството
Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност. Како што соопшти Министерството за финансии, вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Според Министерството ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите. „Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на…
повеќе...Ставрески: Финансиската дисциплина ќе ја подобри ликвидноста на фирмите
Законот за финансиска дисциплина кој денеска стапува во сила, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески значително ќе ја подобри ликвидноста на македонското стопанство. „Станува збор за едно барање на стопанството на домашните фирми во Република Македонија кое предвидува воведување рокови за плаќање на обврските меѓу субјектите од приватниот сектор, но и кога приватните субјекти работат со државата“, изјави денеска Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по средбата во Минситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со здрушѓенија на земјоделци. Според него, со воведувањето стриктни рокови, како и со обврската да…
повеќе...