Ставрески: Владата ќе дава стан, дуќан, автомобили за собрани фискални сметки

Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пренесува МИА.  Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,… Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември. „Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат…

повеќе...

Ставрески: Пругата кон Бугарија и автопатот до Штип препород за источна Македонија

Изградбата на пругата кон Бугарија и автопатот од Скопје за Штип што ќе почнат да се реализираат следната година ќе овозможат побрз развој на источна Македонија, изјави денеска во Кратово вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Најзначајниот проект што ќе го реализираме во источна Македонија следната година, во февруари или март, е изградбата на пругата кон Бугарија и автопатот од Скопје за Штип. Пошироко за целиот регион овие два крупни инфраструктурни проекта ќе донесат препород за источна Македонија“, рече Ставрески во село Крилатица, каде присуствуваше на пуштање во употреба…

повеќе...

Владата со 35 милиони денари ќе го субвенционира рибарството и аквакултурата

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата на Република Македонија го распиша јавниот повик за аплицирање за добивање на субвенции за рибарство и аквакултура. Повикот ќе трае до 30 ноември 2013 година, период во кој сите субјекти кои ги исполнуваат законските критериуми и услови ќе може да аплицираат за добивање на заслужените средства. Во самиот повик се предвидени две мерки за финансирање, односно за добивање на субвенција и тоа: 1. Финансиска поддршка (субвенција) за произведена и продадена риба на пазарот за која се издвоени…

повеќе...

Ставрески: ММФ потврди – економскиот раст повисок од очекуваното

Македонската економија закрепнува, растот е засилен и подобар од сите наши очекувања, оцени ММФ по редовната десетдневна мисија во Македонија. „Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели на раст се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето-извозот со важните или растечки придонеси на извозот од страна на странските мултинационални компании“, истакна шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар, додавајќи дека капацитетот за подмирување на заостанатите обврски врз основа на надворешниот долг останува соодветен.  Политиките да почнат да се поместуваат во смисла на завршување на циклусот…

повеќе...

Младински Совет Охрид го подготви новиот Локален Акционен Младински План за периодот 2014 – 2018 година

Младински Совет Охрид го подготви новиот Локален Акционен Младински План за периодот 2014 – 2018 година. Во подготовката на документот, во сите негови фази, беа вклучени 38 претставници од исто толку  институции од областа на образованието, здравството, културата, вклучувајки ги и СВР Охрид, Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи, здруженија, политички подмладоци, Локалната самоуправа и медиуми. Новиот ЛАМП содржи 109 активности, произлезени од 26 целни интервенции, а распоредени во 8те приоритети согласно меѓународните стандарди, како и според нивното дефинирање во националната стратегија за млади на РМ. На подготовката на…

повеќе...

Ставрески: Банките да даваат повеќе кредити на фирмите

Банките во Македонија да го зголемат кредитирањето на компаниите и со тоа да го поддржат и растот на економијата. Ова е пораката од денешниот Регионален форум на гувернери и министри за финансии од регионот. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, има услови за зголемување  на кредитирањето на фирмите од страна на банките. „Ликвидноста на банките е на историски највисоко ниво. Адекватноста на капиталот е 17,1 процент, а нефункционалните кредити се 11,9 проценти и се со најниска стапка во регионот. Банките имаат простор да го зголемат кредитирањето на фирмите.…

повеќе...

Општина Охрид во последните 6 месеци со доаѓањето на новото локално раководство не генерира нови долгови

На денешната седница на советниците им беше кажано  дека по дополнително спроведената евиденција на долгови  заклучно со 19   април 2013 година Општинскиот долг е  33 милиони евра, но и дека  успешно се работи на негово ликвидирање. Само  во  минативе 5-6 месеци Општината исплатила 400 000 евра на име на доверители, како и тоа дека во истиот тој период новата локална Власт не генерирала никаков долг. „По преземањето на Локалната самоуправа,прва работа кон која пристапивме беше  утврдување на долгот со кој што Општина Охрид се соочува. Она што го најдовме…

повеќе...

Ставрески: Македонија ќе има поголем раст од предвидениот

Очекувањата на Владата се дека оваа година растот на македонската економија ќе биде повисок од оној што е проектиран на 2 проценти. Поголем раст на македонската економија предвидуваат и повеќе меѓународни финансиски институции, како ММФ, која ја ревидираше стапката на раст за годинава на 2,2 проценти, потоа Фич, кој предвидува раст од 2,7 проценти, а и Народната банка на РМ очекува повисок раст од проектираниот. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, добро e да се успее оваа година да се оствари повисок раст од предвидeниот. „Добро е е…

повеќе...

Годинава 135 милиони евра земјоделски субвенции, догодина 140 милиони

Субвенционирање, можност за откуп на државното земјиште дадено под концесија, поддршка за формирање задруги е дел од помошта што Владата им ја дава на земјоделците. Една од најголемите поддршки во земјоделството, според премиерот Никола Груевски, се субвенциите, кои годинава изнесуваат 135 милиони евра, а нивната исплата оцени дека оди добро. „Тоа е рекорд во историјата на Република Македонија. Никогаш ниту приближно немало вакво нешто. Во времето на нашиот политички конкурент СДСМ, речиси и немаше субвенции до последната година кога принудно овозможија пет милиони евра за тутунарите. Велам принудно затоа што…

повеќе...

Светската банка: Македонија добро ги спроведува реформите

Заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески, по средбите во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, изјави дека состојбата со реформите во Македонија е оценета позитивно, како поповолна од земјите во регионот, а се очекува и подобрување на состојбата во земјите на ЕУ што ќе се одрази позитивно и на Македонија. „Охрабрувачки за Македонија е што оценките за нашата земја од страна на ММФ и Светската Банка се поповолни во однос на кој било друга земја во регионот. Се поздравува тоа што се оствари како економски раст, како и намалувањето на…

повеќе...