Костадиновски: Интересот за проектот „Од град во село, за нов почеток“ е голем

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски истакна дека овој проект е воведен се со цел да се заживеат селата кои имаат помалку од 500 жители. Овој проект е наменет за лица кои претходно мигрирале од село кон град и се уште имаат имот на село, но и оние кои мигрирале од село во град и не го задржале имотот и невработените лица од град. „Ќе понудиме исклучителен пакет на мерки кој се состои од парични средства за купување, изградба и нова или реконструкција на стара и веќе…

повеќе...

УНЕСКО загрижена за Охридско езеро, активистите покренаа петиција за зачувување

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изразил сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид, поради бројните инфраструктурни проекти кои беа предложени, што потврдува дека тие најверојатно би предивикале значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид. По одлуката на Комитетот, неколку еколошки активисти покренаа кампања „Вредно е!“, а од вчера е распишана и онлајн петиција за зачувување на единствената локација под УНЕСКО во државата. Петицијата до сега е потпишана од 16.167 луѓе кои бараат власта да се повлече од намерата за…

повеќе...

Поставени нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите се поставени на потегот од црквата Св. Никола Геракомија, на паркингот кај Балкански фестивал, по ул. „Илинденска“ и кај Самуиловата тврдина. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” го расчистуваа патот за с.Велестово, на потегот од бензинската на „Макпетрол” кај „Бијланини извори”, до с.Велестово, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието. Денес, поради одржувањето на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од…

повеќе...

Охрид – шампион во иселувањето од земјата

Според официјалната статистика на Државниот завод, Охрид, со години, е шампион во иселувањето од земјата. Звучи неверојатно, но егзактен е показателот дека од вкупно 767 граѓани кои лани ја напуштиле Македонија, скоро половина се од туристичкиот бисер Охрид, градот кој, додека гостите го полнат, домаќините заминуваат! Во истиот период од странство во земјава се вратиле само 259 државјани на Македонија. Последниве 11 години од Охрид заминале 7.860 лица, или, по двајца секој ден. По години, неславно рекордна е 2012 година, кога заминале 983 лица. Како најатрактивни дестинации за иселување се Америка, Австралија,…

повеќе...

Охрид се полни со гости, раздвижено низ охридската чаршија

Охриѓани и многу гости од земјата и странство вечерните часови ги користат за прошетка низ охридската чаршија, шеталиштата, летните бавчи во градот како и по кафулињата. Во Охрид се одржуваат културни манифестации, концерти на балкански и светски познати имиња што дополнително ги привлекуваат туристите. Се очекува викендов бројот на посетители во нашиот град значително да се зголеми. WebOhrid

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот со апел за почитување на сообраќајните правила

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во екот на туристичката сезона, од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот појас, да не се…

повеќе...

Невреме со дожд, град и ветер го зафати Охрид

Попладнево Охрид го зафати кратко невреме проследено со пороен дожд, град, ветер и грмежи. Како што најавија од УХМР, во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град. Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар. WebOhrid

повеќе...

Хортикултурно се уредува влезот на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец” хортикултурно го уредуваа просторот на влезот на градот, кај бензинската „Лукоил”, каде што беа посадени зимзелени и декоративни садници.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе учествува на глобалниот состанок на градовите со езера

Градоначалникот нa Охрид, Никола Бакрачески ќе учествува на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на членките на Европската мрежа на езера што утре (28 мај) се одржува во Исео – Италија како дел од фестивалот на европски езера. Во текот на утрешниот ден градоначалникот Бакрачески ќе има работна средба и со партнерите од Проектот LAKTIVE TOURISM, во кој Општина Охрид е значаен партнер. Овој европскиот партнерски проект на 5 европски држави, членки на Европската мрежа на езера (Италија, Словенија, Шпанија, Ирска и Македонија- Општина Охрид), како и два туроператори и…

повеќе...

Се реконструираат улици и потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше на увид на градежните активности кои се завршени или во тек на улиците „Кирил и Методиј“ „Кузман Капидан’“ и „Илинденска“ во стариот дел на Охрид, а кои се однесуваат на реконструкција и санација на плочникот и потпорните ѕидови. Градоначалникот најави дека во насока на одржување и зачувување на автентичниот изглед, активностите за реконструкција и преуредување на камените и гранитни коцки и санација на потпорните ѕидови наредниов период ќе продолжат речиси низ сите останати улици во старото градско јадро. На задоволство на жителите на…

повеќе...